Македонски железници
Од Википедија, слободната енциклопедија
Македонски железници е јавно претпријатие за железничка инфраструктура на Република Македонија.
Содржина |
Железничка мрежа[уреди]
Железничката мрежа во Република Македонија има:
- 699 km отворени пруги
- 226 km станични колосеци
- 102 km индустриски колосеци
Железнички линии[уреди]
- граница со Србија - Табановце - Куманово - Скопје - Велес - Градско - Гевгелија - граница со Грција (како дел од коридор X, единствена електрифицирана железничка линија во Република Македонија)
- Куманово - Бељаковце (во ремонт и градба до Крива Паланка и граница со Бугарија, како дел од коридор VIII)
- Градско - Шивец (до индустријата за фероникел крај Кавадарци)
- граница со Косово - Волково - Ѓорче Петров - Скопје
- Ѓорче Петров - Тетово - Гостивар - Зајас - Кичево (која треба да се продолжи до Охрид и Струга и граница со Албанија, како дел од коридорот VIII)
Возен ред[уреди]
Возниот ред е определен согласно Објавата [1] на Македонски железници за 2010 година.
|
||||||||
|
||||||||
- Интеррегионална линија 6903: Кичево - Длапкин Дол - Строгомишта - Зајас - Падалиште - Лакавица - Гостивар - Врановци - Жеровјане - Брвеница - Тетово - Ратае - Јегуновце фабрика - Јегуновце - Орашје - Радуша - Сулари - Сарај - Ѓорче Петров - Скопје Север - Железарница.[2]
Историја[уреди]
Првата железница на територијата на Република Македонија е од времето на Османлиското царство.
На 9 август 1873 година со железница се поврзани Скопје и Солун. Оваа железничка врска, која подоцна е продолжена до Косовска Митровица, е именувана Македонски железници.
Македонски железници, повеќе пати го менувалe името од своето формирање како железничко претпријатие во 1945 година:
- 1945 Државна дирекција за железници – Скопје во рамки на сојузната југословенска управа
- 1963 Железничко транспортно претпријатие – Скопје
- 1977 Железничкa транспортна организација – Скопје
- 1989 Јавно претпријатие Македонски железници – Скопје
- 2007 Јавно претпријатие за железничка инфраструктура Македонски железници – Скопје
- 2007 Акционерско друштво за транспорт Македонски железници Транспорт – Скопје
Надворешни врски[уреди]
- Македонски железници - Официјална страница на МЖ
- [2] - се за МЖ