Ел Алто

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ел Алто
El Alto
Главна улица во Ел Алто.

Знаме
Ел Алто се наоѓа во Боливија
Ел Алто
Местоположба во Боливија.
Координати: 16°31′ ЈГШ 68°10′ ЗГД / 
Држава Flag of Bolivia.svg Боливија
Департман Ла Паз
Покраина Педро Доминго Мурилјо
Општина Ел Алто
Управа
 • Градоначалник Едгар Патана
Надм. вис. 4.150 м
Население (2010)
 • Вкупно 1.184.942 жит.
Час. појас BOT (UTC−4)

Ел Алто (шпански за „висок“, „височина“) е град и општина во Боливија. Градот се наоѓа во департманот Ла Паз, на висорамнината Алтиплано. Градот е дел од метрополитенската област Ла Паз. Денес тој е е еден од најбро растечките градови во државата со население од 1.184.942 жители во 2010 година, што го прави втор по големина во државата.[1] На пописот од 2001 година градот имал 647.350 жители.

Карактеристики[уреди]

Ел Алто се наоѓа на надморска височина од 4.070 метри и тоа го прави еден од највисоките позначајни градови во светот. Во градот преовладува ладната клима, која достигнува до 17 степени во летниот период. Поради трендот на миграција село-град во Боливија, Ел Алто станал еден од најбрзо растечките градови во Боливија.

Ел Алто е еден од најголемите градови во Латинска Америка каде има бројно староседелско население. Се проценува дека околу 76% од населението на градот се Ајмари, 9% се Кечуани, 15% се мешани и околу 1% се белци.

Наводи[уреди]

  1. INE, Bolivia. „LA PAZ: POBLACIÓN TOTAL PROYECTADA, POR SEXO, SEGÚN PROVINCIA Y SECCIÓN DE PROVINCIA“. INE Bolivia. http://www.ine.gob.bo/indice/visualizador.aspx?ah=PC2031002.HTM. конс. 26 мај 2012. 

Дополнителни информации[уреди]

Поврзано[уреди]

Портал „Боливија

Надворешни врски[уреди]