Кочабамба
| Кочабамба Cochabamba |
|||
|---|---|---|---|
|
|||
| Прекар(и): „Град на вечната пролет“ „Град-градина“ |
|||
|
|
|||
| Координати: | |||
| Држава | |||
| Департман | Кочабамба | ||
| Покраина | Серкадо | ||
| Општина | Кочабамба | ||
| Површина | |||
| • Град | 348 км2 | ||
| Надм. вис. | 2.825 м | ||
| Население (2008) | |||
| • Урбано | 608.276 | ||
| Портал | http://www.cochabamba.bo/ | ||
Кочабамба (шпански: Cochabamba) е град во Боливија. Кочабамба се наоѓа во Андите во долината Кочабамба. Кочабамба е главен град на департманот Кочабамба и трет најголем град во државата со урбано население од 608.276 според податоците од 2008[1]. Метрополитенската област на Кочабамба има повеќе од 1.000.000 жители.
Името на градот е составено од кечуанските зборови qucha, што значи „езеро“, и pampa, што значи „отворена рамнина“.[2]Градот често се нарекува како „град на вечната пролет“ или „град-градина“ поради температурата во градот.
Содржина |
Демографија [уреди]
Најзборуван јазик во градот е шпанскиот јазик. Шпанскиот дијалект во градот се смета за поконзервативен во поглед на фонетиката и зборовниот фонд, но сепак дијалектот примил поголем број кечуански или ајмарски зборови.
Најголем народ во градот сочинуваат американските староседелци, односно Кечуаните, Ајмарите и останати староседелци, а потоа следуваат мешаните народи и малцинското бело население. Градот важи за еден од најпрогресивните градови во државата во поглед на економска и социјална активност.
Управа [уреди]
Кочабамба е главен град на департманот Кочабамба. Градската власт е поделена на извршна и законодавна. Градоначаникот е на чело на градската управа и се избира преку избори за мандат од пет години. Градоначаникот е шеф на извршната градска власт која е составена од 950 функционери и 6 пот-градоначалници.[3] Законодавната градска власт е во рацете на градскиот совет. Сегашен градоначалник (2012) на Кочабамба е Едвин Кастелјанос.
Збратимени градови [уреди]
Белфаст, Северна Ирска
Кордоба, Аргентина
Вједма, Аргентина
Каракас, Венецуела
Арика, Чиле
Сан Франциско, САД
Мајами, САД
Алмерија, Шпанија
Бергамо, Италија
Нант, Франција
Кунминг, Кина
Кабујао, Филипини
Поврзано [уреди]
Наводи [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Cochabamba“ |
- ↑ World Gazetteer
- ↑ Diccionario Bilingüe Iskay simipi yuyayk'ancha pdf
- ↑ Jordán Arandia, Oscar E.. „Mi compromiso es con Cochabamba“, „Los Tiempos“, 2010-05-30 (проверено на 2010-06-02).
Надворешни врски [уреди]
- Туристички водич за Кочабамба
- Времето во Кочабамба
- Историја на Кочабамба (шпански)
- Карта на Кочабамба
|
|||||||||||

