Едмунд Тјудор (Прв Ерл од Ричмонд)
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Едмунд Тјудор | |
|---|---|
| Ерл од Ричмонд | |
| Сопруг | Маргарита Бофорт |
| Потомци | |
| Хенри VII | |
| Татко | Овен Тјудор |
| Мајка | Катерина Валоа |
| Раѓање | 11 јуни 1431 |
| Смрт | 3 ноември 1456 (на возраст од 25 г.) |
Овен Тјудор (11 јуни 1431 - 1 ноември 1456) бил англиски војник, најмногу познат по тоа што бил татко на англискиот крал Хенри VII.
Бил роден како втор син на Овен Тјудор и Катерина Валоа, вдовица на англискиот крал Хенри V. Денеска не е познато дали тој бил роден пред или по склопувањето на брак на неговите родители. Неговиот полубрат Хенри VI му ја дал титулата Ерл од Ричмонд во ноември 1452 година.
На 1 ноември 1455 година се оженил за лејди Маргарита Бофорт. Во текот на Војната на розите, тој бил заробен од страна на подржувачите на династија Јорк и затворен во јужен Велс, каде на 1 ноември 1456 година починал. Неговото дете, идниот Хенри VII се родил по два месеци од неговата смрт.