Единици за пренос на податоци
Во телекомуникациите, битовата стапка (bitrate) или проточноста на преносот на податоците претставува просечен број на битови, знаци или блокови по единица време кој проаѓа од една до друга направа по пат на систем за пренос на податоци. Ова најчесто се мери со содржатели на единиците бит во секунда или бајт во секунда.
| Стапки на проточност | ||
|---|---|---|
| Децимални префикси (SI) | ||
| Назив | Симбол | Содрж. |
| килобит во секунда | кбит/с | 103 |
| мегабит во секунда | Мбит/с | 106 |
| гигабит во секунда | Гбит/с | 109 |
| терабит во секунда | Тбит/с | 1012 |
| Бинарни префикси (IEC 60027-2) | ||
| кибибит во секунда | Кибит/с | 210 |
| мебибит во секунда | Мибит/с | 220 |
| гибибит во секунда | Гибит/с | 230 |
| тебибит во секунда | Тибит/с | 240 |
Содржина |
[уреди] Појаснување
За да се биде што е можно појасен, мора да се знаат и префиксот и суфиксот на единицата. На пример, кратенката „2 mb“ може да се разложи на 4 различни начини („мега-“ наспроти „меби-“ и „-бит“ наспроти „-бајт“). Разликата во односните броеви може да биде огромна:
| Единица | Битови | Битови / 1.000.000 |
|---|---|---|
| Мега-бит | 1.000.000 | 1,0 |
| Меби-бит | 1.048.576 | 1,05 |
| Мега-бајт | 8.000.000 | 8,0 |
| Меби-бајт | 8.388.608 | 8,39 |
Табелата погоре прикажува приближно 5% разлика помеѓу соодветните мега- и меби- единици со 700% разлика помеѓу -бит и -бајт единиците. Точната употреба на единиците е од голема важност бидејќи различните толкувања можат да доведат до 740% разлика во количината на податоци што се зема во една единица (разликата може да стане и поголема за единици со различен префикс).
[уреди] Префикс: k наспроти Ki
'k-' означува кило, што изнесува 1.000, додека пак 'Ki-' означува „килобинарно“, што изнесува 1.024. Стандардизираните бинарни префикси како Ki- се релативно скоро воведени и сè уште не се нашироко прифатени. 'K-' честопати се користи со значење 1.024, особено кај 'KB' (килобајт).
[уреди] Суфикс: b наспроти B
'b' значи 'бит', а 'B' значи 'бајт'. Меѓутоа некои велат дека 'бит' не треба да крати бидејќи тој е веќе кратенка од „бинарен број“, а разликата помеѓу битот и бајтот може да доведе во забуна. Во контекст на единици за проточност, еден бат се однесува на 8 бита. На пример, кога се рекламира линија од „1 Mbps“, обично значи дека максималната достижна брзина на преземање е 1 мегабит/с (милион бита во секунда), што е всушност 0,125 MB/с (мегабајт во секунда), или околу 0,1192 MiB/с (мебибајт во секунда).
[уреди] Децимални содржатели на битот
[уреди] Килобит во секунда
Килобит во секунда (kbit/с или kb/с или kbps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
- 1.000 бита во секунда или
- 125 бајти во секунда.
[уреди] Мегабит во секунда
Мегабит во секунда (Mbit/с или Mb/с или Mbps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
- 1.000.000 бита во секунда или
- 1.000 килобита во секунда или
- 125.000 бајти во секунда.
[уреди] Гигабит во секунда
Гигабит во секунда (Gbit/с или Gb/с или Gbps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
- 1.000 мегабита во секунда или
- 1.000.000 килобита во секунда или
- 1.000.000.000 бита во секунда
[уреди] Терабит во секунда
Терабит во секунда (Tbit/с или Tb/с или Tbps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
- 1.000.000.000.000 бита во секунда
- 1.000.000.000 килобита во секунда или
- 1.000.000 мегабита во секунда или
- 1.000 гигабита во секунда или
- 125.000.000.000 бајти во секунда.
[уреди] Бинарни содржатели на битот
[уреди] Кибибит во секунда
Кибибит во секунда (Kibit/с или Kib/с) е единица за проточност на податоци еднаква на 1,024 бита во секунда. Зборот „кибибит“ не се пишува со големи букви, туку само кратенката „Kibit“.
[уреди] Мебибит во секунда
Мебибит во секунда (Mibit/с или Mib/с) е единица за проточност на податоци еднаква на:
- 1.048.576 бита во секунда или
- 1.024 кибибита во секунда.
[уреди] Гибибит во секунда
Гибибит во секунда (Gibit/с или Gib/с) е единица за проточност на податоци еднаква на:
- 1.073.741.824 бита во секунда или
- 1.048.576 кибибит во секунда или
- 1.024 мебибита во секунда.* 1.024 мебибита во секунда.* 1.024 мебибита во секунда.
[уреди] Тебибит во секунда
Тебибит во секунда (Tibit/с или Tib/с) е единица за проточност на податоци еднаква на:
- 1.099.511.627.776 бита во секунда или
- 1.073.741.824 кибибита во секунда или
- 1.048.576 мебибита во секунда или
- 1.024 гибибита во секунда.
[уреди] Децимални содржатели на бајтот
[уреди] Килобајт во секунда
Килобајт во секунда (kB/с или kBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
- 8.000 бита во секунда, или
- 1.000 бајти во секунда, или
- 8 килобита во секунда.
[уреди] Мегабајт во секунда
Мегабајт во секунда (MB/с или MBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
- 8.000.000 бита во секунда, или
- 1.000.000 бајти во секунда, или
- 1.000 Килобајти во секунда, или
- 8 мегабита во секунда.
[уреди] Гигабајт во секунда
Гигабајт во секунда (GB/с или GBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
- 8.000.000.000 бита во секунда, или
- 1.000.000.000 бајти во секунда, или
- 1.000.000 килобајти во секунда, или
- 1.000 мегабајти во секунда, или
- 8 гигабита во секунда.
[уреди] Терабајт во секунда
Терабајт во секунда (TB/с или TBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
- 8.000.000.000.000 бита во секунда, или
- 1.000.000.000.000 бајти во секунда, или
- 1.000.000.000 килобајти во секунда, или
- 1.000.000 мегабајти во секунда, или
- 1.000 гигабајти во секунда, или
- 8 терабита во секунда.
[уреди] Бинарни содржатели на бајтот
[уреди] Кибибајт во секунда
Кибибајт во секунда (KiB/с или KiBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
- 1.024 бајти во секунда, или
- 8 кибибита во секунда, или
- 8192 бита во секунда.
[уреди] Мебибајт во секунда
Мебибајт во секунда (MiB/с или MiBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
- 1.048.576 бајти во секунда, или
- 1.024 кибибајти во секунда, или
- 8 мебибита во секунда, или
- 8192 кибибита во секунда, или
- 8.388.608 бита во секунда.
[уреди] Гибибајт во секунда
Гибибајт во секунда (GiB/с или GiBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
- 1.073.741.824 бајти во секунда, или
- 1.048.576 кибибајти во секунда, или
- 1.024 мебибајти во секунда, или
- 8 гибибита во секунда, или
- 8192 мебибита во секунда, или
- 8.388.608 кибибита во секунда, или
- 8.589.934.592 бита во секунда.
[уреди] Тебибајт во секунда
Тебибајт во секунда (TiB/с или TiBps) е единица за проточност на податоци еднаква на:
- 1.099.511.627.776 бајти во секунда, или
- 1.073.741.824 кибибајти во секунда, или
- 1.048.576 мебибајти во секунда, или
- 1.024 гибибајти во секунда, или
- 8 тебибита во секунда.
- 8192 гибибита во секунда, или
- 8.388.608 мебибита во секунда, или
- 8.589.934.592 кибибита во секунда, или
- 8.796.093.022.208 бита во секунда.
[уреди] Формули за претворање
| Назив | Симбол | бит во секунда | бајт во секунда | бит во секунда (формула) | бајт во секунда (формула) |
|---|---|---|---|---|---|
| бит во секунда | bit/с | 1 | 0,125 | 1 | 1/8 |
| бајт во секунда | B/с | 8 | 1 | 8 | 1 |
| килобит во секунда | kbit/с | 1.000 | 125 | 103 | 103/8 |
| кибибит во секунда | Kibit/с | 1.024 | 128 | 210 | 27 |
| килобајт во секунда | kB/с | 8.000 | 1.000 | 8x103 | 103 |
| кибибајт во секунда | KiB/с | 8.192 | 1.024 | 213 | 210 |
| мегабит во секунда | Mbit/с | 1.000.000 | 125.000 | 106 | 106/8 |
| мебибит во секунда | Mibit/с | 1.048.576 | 131.072 | 220 | 217 |
| мегабајт во секунда | MB/с | 8.000.000 | 1.000.000 | 8x106 | 106 |
| мебибајт во секунда | MiB/с | 8.388.608 | 1.048.576 | 223 | 220 |
| Гигабит во секунда | Gbit/с | 1.000.000.000 | 125.000.000 | 109 | 109/8 |
| гибибит во секунда | Gibit/с | 1.073.741.824 | 134.217.728 | 230 | 227 |
| гигабајт во секунда | GB/с | 8.000.000.000 | 1.000.000.000 | 8x109 | 109 |
| гибибајт во секунда | GiB/с | 8.589.934.592 | 1.073.741.824 | 233 | 230 |
| терабит во секунда | Tbit/с | 1.000.000.000.000 | 125.000.000.000 | 1012 | 1012/8 |
| тебибит во секунда | Tibit/с | 1.099.511.627.776 | 137.438.953.472 | 240 | 237 |
| терабајт во секунда | TB/с | 8.000.000.000.000 | 1.000.000.000.000 | 8x1012 | 1012 |
| тебибајт во секунда | TiB/с | 8.796.093.022.208 | 1.099.511.627.776 | 243 | 240 |
[уреди] Примери
| Количина | Единица | битови во секунда | бајти во секунда | Поле | Опис |
|---|---|---|---|---|---|
| 56 | kbit/с | 56.000 | 7.000 | Вмрежување | 56k модем – 56 kb/с – 56.000 b/с |
| 64 | kbit/с | 64.000 | 8.000 | Вмрежување | 64k ISDN – 64 kb/с – 64.000 b/с |
| 1536 | kbit/с | 1.536.000 | 192.000 | Вмрежување | 1536k T1 – 1.536.000 b/с (1,536 Mb/с) |
| 1 | Gbit/с | 1.000.000.000 | 125.000.000 | Вмрежување | Гигабитен Етернет |
| 10 | Gbit/с | 10.000.000.000 | 1.250.000.000 | Вмрежување | 10 Гигабитен Етернет |
| 1 | Tbit/с | 1.000.000.000.000 | 125.000.000.000 | Вмрежување | SEA-ME-WE 4 подводен кабел – 1,28 терабита во секунда [1] |
| 4 | kbit/с | 4.000 | 500 | Аудиоподатоци | постигнува минимален степен доволен за кодирање на распознатлив говор (со помош на наменски кодеци за глас) |
| 8 | kbit/с | 8.000 | 1.000 | Аудиоподатоци | телефонски квалитет |
| 32 | kbit/с | 32.000 | 4.000 | Аудиоподатоци | СБ квалитет |
| 128 | kbit/с | 128.000 | 16.000 | Аудиоподатоци | 128 kb/с MP3 – 128.000 b/с |
| 192 | kbit/с | 192.000 | 24.000 | Аудиоподатоци | Речиси CD квалитет за податотека набиена во MP3 формат |
| 1.411,2 | kbit/с | 1.411.200 | 176.400 | Аудиоподатоци | CD аудио (ненабиенао, 16-битни семплови × 44.1 kHz × 2 канала) |
| 2 | Mbit/с | 2.000.000 | 250.000 | Видеоподатоци | VHS квалитет |
| 8 | Mbit/с | 8.000.000 | 1.000.000 | Видеоподатоци | DVD квалитет |
| 27 | Mbit/с | 27.000.000 | 3.375.000 | Видеоподатоци | HDTV квалитет |
| 1.244 | Gbit/с | 1.244.000.000 | 155.500.000 | Вмрежување | OC-24, 1,244 Gb/с SONET податочен канал |
| 9.953 | Gbit/с | 9.953.000.000 | 1.244.125.000 | Вмрежување | OC-192, 9,953 Gb/с SONET податочен канал |
| 39.813 | Gbit/с | 39.813.000.000 | 4.976.625.000 | Вмрежување | OC-768, 39,813 Gb/с SONET податочен канал, најбрз досега во употреба |
| 60 | MB/с | 480.000.000 | 60.000.000 | Податочни интерфејси | USB 2.0 |
| 625 | MB/с | 5.000.000.000 | 625.000.000 | Податочни интерфејси | USB 3.0 |
| 98.3 | MB/с | 786.432.000 | 98.304.000 | Податочни интерфејси | FireWire IEEE 1394b-2002 S800 |
| 120 | MB/с | 960.000.000 | 120.000.000 | Податочни интерфејси | Читање на тврд диск, Samsung SpinPoint F1 HD103Uj [1] |
| 133 | MB/с | 1.064.000.000 | 133.000.000 | Податочни интерфејси | PATA 33 – 133 MB/с |
| 150 | MB/с | 1.200.000.000 | 150.000.000 | Податочни интерфејси | SATA 1.5Gb/с – Прва генерација |
| 300 | MB/с | 2.400.000.000 | 300.000.000 | Податочни интерфејси | SATA 3Gb/с – Втора генерација |
| 600 | MB/с | 4.800.000.000 | 600.000.000 | Податочни интерфејси | SATA 6Gb/с – Трета генерација |
| 533 | MB/с | 4.264.000.000 | 533.000.000 | Податочни интерфејси | PCI 133 – 533 MB/с |
[уреди] Видете исто така
[уреди] Белешки
- ↑ „Fujitsu ја заврши изработката на мрежата од подводни кабли SEA-ME-WE 4“. „Fujitsu Press Releases“. Fujitsu. 13 декември 2005. Архивирано од оригиналот на 17 март 2007. http://web.archive.org/web/20070317223056/http://www.fujitsu.com/global/news/pr/archives/month/2005/20051213-01.html. проверено на 31 јануари 2008.
[уреди] Наводи
- Меѓународна електротехничка комисија (2007). „Префикси за бинарни содржатели“ (англиски)
- IEC 60027-2 „Азбучни симболи за употреба во електротехнологијата“ – Дел 2: Телекомуникации и електроника+ (англиски)