Едвард Блор

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Изглед на Бакингемската палата по изградбата во 1850 г., дело на Блор. Подоцна истата е префасадирана и преградена од Сер Астон Веб во 1913 г.

Едвард Блор (анг. Edward Blore; 1787 - 1879) е британски архитект и старинар. Роден е во Единбург, Шкотска. (Неко извори велат дека по потекло бил од Дерби, Англија.[1])

Блор е најпознат по изведбата на нацртот за Бакингемската палата на Џон Неш, по Нешовото отпуштање. Тој ја извел палатата во сличен, но поедноставен стил од оној замислен од Неш. Во 1847 Блор се навратил на палаата и ја дизајнирал големата фасада која гледа кон Шеталиштето, така заградувајќи го четириаголниот двор. Работел и на Ламбетскиот дворец и Сент Џејмсовата палата во Лондон, како и голем број други проекти во Англија и Шкотска, меѓу кои и реставрацијата на Солсберската кула на замокот Виндзор.

Блор бил пријател со Сер Волтер Скот, и како него, пројавувал силен интерес во баронската архитектура на шкотските замоци. Ова го навело кнезот Михаил Семјонович Воронцов да го покани да биде градител на неговиот Воронцовски дворец во Алупка, Крим (денешна Украина). Овој дворец е изграден во периодот од 1828 до 1846 г., во комбинација од стилови од неоготски, па до неомаваритански стил. Книгата-водич на дворецот го опишува зданието како „Блорово укажување на почит кон исламската архитектура“. Градбата има две фасади, спротиставувајќи ја „голотијата на шкотскиот баронски стил кон копнената страна, со арапската фантазија кон морето“ [2].

Како признат и зацврстенархитект, Блор бил ангажиран во многубројни проекти на Британската империја. Тука се вбројуваат Владиниот дом во Сиднеј, Австралија, кој го проектирал околу 1870 г. во облик на готски замок. Ваквите проекти биле необични и прикажуваат една авантуристичка страна на Блоровите дела која не може да се види во Лондон. Неговата јавна (источна) фасада на Бакингемската палата уште од почетокот била критикувана како банална улична архитектура, став кој го делел и кралот Џорџ V, кој се погрижил за редизајн на фаасадата во 1913 г. Во 1841 г. бил избран за член на Кралското друштво.

Блор починал во 1879 г., и погребан е во Хајгејтските гробишта (западни), во Хајгејт, Лондон. Ги подучувал архитектите Филип Чарлс Хардвик и Фредерик Марабл.

Ученици[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Dictionary of National Biography
  2. ExeterInternational (англиски)

Згради[уреди]

Литература[уреди]

  • Sir Banister Fletcher: Banister Fletcher's A History of Architecture - Editor: Dan Cruickshank (Architectural Press, Oxford, 1996) ISBN 0-7506-2267-9
  • Charlotte Gere and Michael Whiteway: Nineteenth-Century Design: From Pugin to Mackintosh (Weidenfeld & Nicolson, London, 1993) ISBN 0-297-83068-6

Надворешни врски[уреди]