Дого Аргентино

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Дого Аргентиното (познато и како Аргентинско Дого или Аргентински Мастиф) е големо, бело, мускулесто куче развиено во Аргентина, сè со цел да се искористи за big-game лов, првенствено на дива свиња и пума; одгледувачот Антонио Норес Мартинез, исто така, сакал куче кое ќе има непоколеблива храброст и доброволно да го заштитува човекот со којшто живее до смртта. Првпат беше одгледано во 1928 год. од Кордобанското Боречко Куче, заедно со широк спектар од други раси на кучиња вклучувајќи, но неограничувајќи се на Great Pyrenees, Irish Wolfhound, Boxer, Great Dane и Pointer.

Особини

Класификација и стандарди Куче (Canis lupus familiaris)

Содржина

Изглед[уреди]

Дого Аргентиното е големо бело кратко-обложено куче со мазно мускулесто тело што ретко има било какви обележја (каков и да е вид на обележје или дамка се смета за недостаток).

Висина: Од 23.6 до 25.6 инчи (60-65 цм), измерено од гребенот. Тежина: 88.2 до 99.2 килограми (40-45 кг). Должината на телото е само малку подолга од висината, но женските кучиња може да бидат нешто подолги од машките кучиња. Должината на предната нога (мерена од точката на лакот до земја) е приближно еднаква на една половина од висината на кучето до гребенот. Главата има широк череп што малку наликува на купола, а муцката е нешто повисока во носот отколку во застој, гледано од профил. Опашот е поставен ниско, дебел во основата и се стеснува во дадена точка. Опишана е како слична на Американскиот Булдог или висок, цврст бел Американски Пит Бул Териер.

Здравје[уреди]

Како и Далматинецот, белиот Боксер, и белиот Бул Териер, догото се соочува со пигмент поврзан со глувост. Постои стапка на глувост од приближно 10% со некои дого кучиња кои страдаат еднострано (глуви на едното уво) а некои двострано (глуви на двете уши). Истражувањата покажуваат дека фреквенцијата на глувост е драстично намалена само кога се користи поколение со двостран нормален слух. Исто и хип дисплазијa е можна кај оваа раса.

Темперамент[уреди]

Дого кучињата се big-game ловци и некогаш се тренираат за потрага и спасување, помош на полицијата и воени работи. Поради нивните физички способности, не се вообичаени семејни миленичиња, иако понекогаш се чувани од страна на искусни тренери за кучиња.

Дого Аргентино кучињата се посебно одгледувани за да бидат жестоки ловци, но потоа да отидат дома кај семејството и да бидат нежни со децата.

Дого Аргентино кучињата се заштитници на она што го доживуваат како своја територија и ќе ја заштитат од секакви натрапници. Напредуваат со другите кучиња се додека правилно се социјализираат, но обично нема да толерираат друго куче кое се труди да покаже доминација над нив и не би можеле да имаат мирен соживот со друга доминантна раса на куче. Може да развијат агресивен или доминантен темперамент ако не се социјализираат со други кучиња на рана возраст, посебно со други кучиња од ист пол. Кучето има животен век од 9 до 15 години.

Дого Аргентино со несечени уши

Борење и легалност[уреди]

Додека Дого Аргентиното беше првенствено одгледано од веќе изумреното Кордоба Боречко Куче, беше одгледано да биде соработувачки ловец; да придружува други кучиња фаќачи и заливски кучиња на лов без да се бори со други кучиња. Особините на агресивност својствени за Кордобанското Боречко Куче беа специјално одгледувани против; да овозможи да работи и живее заедно во пакет. Сепак, во одредени области каде што продолжува борењето со кучиња, Дого Аргентиното се користи за борење. Таквите се екстремно агресивни и не се прилагодени за лов, за разлика од оригиналните лози на Дого Аргентиното.

Во Обединетото Кралство е илегално да се поседува Дого Аргентино без посебно изземање од судот за Договорот за Опасни Кучиња 1991, и кучињата од оваа раса може да бидат одземени од полицијата. Максималната казна за илегално поседување на Дого Аргентино е 5,000£ и/ или до шест месеци затвор. Посебно законодавство за расата варира во САД, со забрани за расата пропишани во Аурора, Колорадо и социјалните станови во Њујорк. Aвстралиската влада го забрани увозот на ова куче. Кучето е илегално и во Нов Зеланд, Норвешка, Исланд, Португалија, Романија, Сингапур и Украина. Забраната во Обединетото Кралство доби критики од портпаролот од Кралското Друштво за Спречување на Суровоста кон Животните тврдејќи дека законот мора “да се фокусира повторно на вистинскиот проблем… сопственикот”.

Историја[уреди]

Во 1930тите, Антонио Норес Мартинез, се обиде да одгледа big-game ловечко куче кое кое ќе биде и лојално милениче и куче чувар. Норес Мартинез го одбра Кордоба Боречкото Куче како основа за расата. Оваа раса денес ја нема, но е опишана како големо и свирепо куче кое е одличен ловец и борец. Го вкрстил со Great Dane, Boxer, Spanish Mastiff, Old English Bulldog, Bull Terrier, Great Pyrenees, Pointer, Irish Wolfhound и Dogue de Bordeaux. Норес Мартинез продолжил да ја развива расата преку селективно размножување за да ги воведе посакуваните особини.

Види[уреди]

Бомбон (филм) Карлос Соринс филм од 2005 во кој глуми Дого Аргентино по име Грегорио