Дмитриј Козак

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Дмитриј Козак
Дмитрий Николаевич Козак


Вицепремиер на Русија
Во служба
Стапил
14 октомври 2008

Министер за регионален развој
Во служба
24 септември 2007 – 14 октомври 2008
Претходник Владимир Јаковлев
Наследник Виктор Басаргин

Роден(а) 7 ноември 1958 (1958-11-07) (53 г.)
Кировоград, Украинска ССР, Советски Сојуз

Дмитриј Козак (руски: Дмитрий Николаевич Козак) (роден на 7 ноември 1958 во Кировоград, Украинска ССР), е руски политичар, од октомври 2008 година служи како заменик-премиер на Руската Федерација.

Тој претходно бил министер за регионален развој на руската влада предводена од Виктор Зубков и во 2004-2007 тој бил претседателски ополномоштен претставник во Јужниот федерален округ (Северен Кавказ).

Дмитриј Козак е познат како близок соработник на поранешниот претседател и сегашен премиер Владимир Путин, со кого работел во градската администрација на Санкт Петербург во текот на 1990-тите, а подоцна и станал еден од клучните фигури на претседателскиот тим на Путин.

Во текот на 2004 година на руските претседателски избори Козак бил шеф на изборната кампања на Путин. Козак се смета како еден од основните кандидати за наследник на Путин.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици