Десеттоаголник
Од Википедија
| Оваа статија не наведува никакви извори или референци. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до доверливи извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Во геометријата, десеттоаголник или декагон е полигон со десет страни и десет агли. Ова се однесува на правилен десеттоаголник, со еднаква должина на сите страни и сите агли еднакви на 144°. Така, секој агол од правилниот десеттоаголник има 144°. Шлефлиевиот симбол му е {10}. Плоштината на правилниот десеттоаголник со должина на страна a е
[уреди] Конструкција
Правилниот десеттоаголник може да се конструира се шестар и линијар.
- Чекори 1 до 6 за конструирање на петтоаголник.
- Повлечете линија од секој агол на петтоаголникот низ средината на кружницата направена во чекор 1, со противната страна на таа иста кружница.
- Пете агли на петтоаголникот го сочинуваат секој втор агол на десеттоаголникот. Останатите пет агли на десеттоаголникот се оние точки каде линиите од чекор 2 се сечат со првобитната кружница (но не аголот на петтоаголникот).
[уреди] Видете исто така
[уреди] Надворешни врски
- Ерик В. Вајсштајн, Десеттоаголник на MathWorld. (англиски)
- Дефиниција и својства на десеттоаголникот Со интерактивна анимација (англиски)
