Данил Граорковски - Галичанчето

Од Википедија — слободната енциклопедија
Данил Граорковски - Галичанчето
Роден 18 мај, 1925 година
Галичник, Македонија под окупација на Кралство СХС
Починал 1944 година
Прилеп, Македонија
Националност Македонец

Данил Граорковски - Галичанчето (18 мај 1925 во Галичник, Македонија1944 во Прилеп, Македонија)— македонски партизан, учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Основно училиште завршил во родното село. Потоа заминал на печалба во Белград каде останал до 6 април 1941 година. По капитулацијата на бивша Југославија се вратил во Скопје и работел како млекарски и угостителски работник.

Пролетта 1944 година бил примен за член на СКОЈ. Како скоевец зел активно учество во НОВ и ПОЈ. Тој се приклучил на 11 македонска ударна бригада и бил распределен во II баталјон. Учествувал во сите акции на Бригадата, особено во борбите за ослободувањето на Прилеп, каде загинал во директна борба со германски единици.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 47. На |first= му недостасува |last= (help)