Давидов гроб
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Давидовиот гроб (хебр. קבר דוד המלך) е стара тврдина која се наоѓа на планината Сион околу портата во Стариот дел на Ерусалим. Гробот на царот Давид бил изграден во текот на II век п.н.е., многу пати бил рушен и обновуван, непрекинато од страна на Христијаните, Мемелуците, Муслиманите и отоманските освојувачи на градот Ерусалим, сѐ со цел да се открие тајната на првиот храм на царот Соломон.
Цар Давид е признат пророк од Јудеизмот, Христијанството и Исламот. Преданието во Библијата вели дека цар Давид е погребан на планината Сион во Ерусалим. До гробот на Давид се наоѓа синагога која го носи неговото име. Во IV век постоела исто така христијанска црква Свети Давид, која била разрушена од страна на персиците и во 1524 година на нејзиното место е изградена џамијата ел-Дауд. Големиот камен саркофаг е покриен, на кое се изложени короните од свитоците на Тората која ги симболизира 22 израелски царства и се извезени зборовите од І Царevi: “Давид, цар на Израел, жив и постојан”. Легендата раскажува дека кај гробницата на Давид се скриени тајните од првиот храм на Соломон.