Прејди на содржината

Италијанска граматика

Од Википедија — слободната енциклопедија

Граматиката на италијанскиот јазик има многу сличности со оние на шпанскиот, францускиот и португалскиот јазик кои се дел од Романските јазици. Првата печатена граматика на италијанскиот јазик била онаа напишана од страна на Џован Франческо Фортунио од 1516 год. која била насловена „Граматички правила на народниот јазик“. Оттогаш многу италијански и странски научници публикувале дела посветени на нејзиниот опис. Меѓу другите издадени дела треба да се спомне и Историската граматика на италијанскиот јазик и неговите дијалекти (итал. Grammatica storica della language italiana e dei suoi dialetti) од филологот Герхарт Ролфс која била издадена кон крајот од 60-те години од минатиот век.

(L'Accento)

  • Во најголемиот дел од зборовите во италијанскиот јазик, акцентот паѓа на претпоследниот слог: amico, balena, banana, cannone, tartufo, veleno.
  • Акцентот паѓа на третиот слог во зборовите како: asino, clinica, favola, metodo, omero, tecnica, zattera како и во зборовите кои завршуваат на -agine, -aggine, -igine, -iggine, -abile, -evole, -ognolo, -ubile, -cefalo, -crono, -fago, -filo, -fobo како на пример: indagine; testardaggine; origine; fuliggine; disabile; confortevole; azzurrognolo; solubile; microcefalo; isocrono; antropofago; bibliofilo; xenofobo.
  • Многу зборови во италијанскиот јазик (таканаречени parole tronche) имаат графички акцент кој е задолжителен во пишувањето и во изговорот. Такви се на пример следните зборови: ansietà , bontà , caffè, lunedì, maturità , povertà , qualità, virtù.
  • Графичкиот акцент е застапен и кај некои едносложни зборови како: ciò , già, giù, più, può.
  • Графичкиот акцент се пишува кај некои едносложни зборови за да се разликуваат од други кои се пишуваат на ист начин:

che' (poiche, giacche) и che (сврзник и заменка); —dà (глаголот dare) и da (предлог); — è (глаголот essere) и e (сврзник).

Употреба на апостроф

[уреди | уреди извор]

(L'Uso dell'apostrofo)

Апострофот (‘) ни овозможува да ја елиминираме последната самогласка од некој збор по кој следува друг збор кој започнува со самогласка. Оваа операција е наречена елизија. Апострофот задолжително се користи во следниве случаи:

  • со определениот член lo и со соодветните членувани предлози (dello, allo, dallo, nello, sullo): l'ago, dell'amico, all'orfano, dall'aereo, nell'olio, sull'occhio
  • со определениот член la и со соодветните членувани предлози (della, alla, dalla, nella, sulla): l'uva, dell'aquila, all'aria, dall'altalena, nell'isola, sull'erba
  • со неопределениот член una и неговите изведени зборови: un'anima; qualcun'altra; nessun'altra
  • кога прилогот ci стои пред формите од глаголот essere кои започнуваат со e и со глаголот entrare: c'e', c'era; c'entra
  • со придавките quello/ quella и bello/ bella кога се наоѓаат пред именки кои започнуваат со самогласка (самогласка): quell'orologio; bell'uomo; quell'amica; bell'aria
  • со придавката santo и santa пред личните именки кои започнуваат со самогласка: sant'Angelo; sant'Enrico; sant'Anna; sant'Elena
  • во следниве изрази со предлогот di: d'oro, d'argento, d'accordo, d'avanzo, d'epoca
  • во следниве изрази со предлогот da: d'altra parte, d'altronde, d'ora in poi
  • во некои изрази како: a quattr'occhi, mezz'ora, nient'altro, senz'altro, sott'occhio, tutt'altro, tutt'e due
  • во формите po' (од poco) и mo' (од modo): Non mi piace nemmeno un po'; Lo dico a mo' di esempio.

(Il Sostantivo o il nome)

Секоја именка во италијанскиот јазик има род (машки или женски) и број (еднина или множина). Недостасува средниот род и бројот дуал. Во италијанскиот јазик недостасува исто така и деклинацијата (промена по падежи) како што е случај со латинскиот јазик. Значењата кои другите јазици ги искажуваат со деклинација (падеж), во италијанскиот се искажуваат преку предлози. Именките кои немаат форма за еднина или за множина се наречени дефектни именки (ит.nomi difettivi) како на пример именката le nozze (‘свадба‘). Именките кои имаат идентична форма за еднина и за множина се наречени неменливи (ит.nomi invariabili), како на пример la crisi (‘криза‘ и ‘кризи‘). Основните наставки за именките се следниве:

  • машки род на -o, множина на -i: libro, libri (‘книга/и‘); ragazzo, ragazzi (‘момче/момчиња‘);
  • машки род на -e, множина на -i: fiore, fiori (‘цвеќе/цвекиња‘); giornale, giornali (‘весник/весници‘);
  • машки род на -a, множина на -i: poeta, poeti (‘поет/и‘); problema, problemi (‘проблем/и‘);
  • женски род на -a, множина на -e: donna, donne (‘жена/и‘); scarpa, scarpe (‘чевел/чевли‘);
  • женски на -e, множина на -i: chiave, chiavi (‘клуч/клучеви‘); notte, notti (‘ноќ/и‘).

Во италијанскиот јазик неменливи се именките кои завршуваат со самогласка која има графички акцент и оние кои се составени од еден слог (la virtù / le virtù, il re / i re), именките (речиси сите од странско потекло) кои завршуваат со согласка (il bar / i bar), именките кои завршуваат на неакцентирано -i (il bikini / i bikini, la tesi / le tesi), и некои други[1].

  • Меѓу именките во италијанскиот јазик кои завршуваат на -а има неколку исклучоци при образувањето на формите за множина. Така на пример, именката l'ala (крило) во множина гласи le ali (крила). Именката la frutta (овошје) во множина обично гласи le frutta.
  • Именките кои завршуваат на -ista можат да бидат од машки или од женски род во зависност од тоа на кој род се однесуваат: il turista (турист) но la turista (туристка); il regista (режисер) но la regista (режисерка). Такви се именките: progressista, artista, ottimista, pessimista и многу други.
  • Именките кои во машки род завршуваат на -tore најчесто имаат своја варијанта во женски род и притоа завршуваат на -trice: l'attore (актер) и l'attrice (глумица); il direttore (директор) и la direttrice (директорка); il pittore (сликар) и la pittrice (сликарка).
  • Некои именки во множина ја менуваат основата на именката: dio (бог) - dei (богови); tempio (храм) - templi (храмови); uomo (човек, маж) - uomini (луѓе, мажи); bue (вол) - buoi (волови); mille (илјада) - mila (илјади).
  • Именките од машки род кои завршуваат во еднина на -co и -go:
  • со претпоследниот тоничен слог имаат множина на -chi и -ghi: fuoco (оган) - fuochi (огнови); albergo (хотел) - alberghi (хотели).
  • Исклучок прават именките: amico (пријател) - amici (пријатели); nemico (непријател) - nemici (непријатели).

(L'Articolo)

Постојат два вида на член: определен и неопределен. Формите од определениот член за машки род еднина се следниве: lo, il, l' а за множина: gli и i. Определениот член lo се употребува во следниве случаи:

  • пред именките кои почнуваат со „нечисто S“ (S impura): lo studente - gli studenti; lo Slavo - gli Slavi; lo scoglio - gli scogli;
  • пред именките кои почнуваат со звучни согласки (согласки) ps, pn и x: lo psicologo - gli psicologi; lo pneumatico - gli pneumatici;
  • пред именките кои почнуваат со буквата z: lo zio - gli zii; lo zero - gli zeri; lo zaino - gli zaini.

(Il Pronome)

Заменката е менлива граматичка категорија чија функција е да ја замени именката, изразот или фразата и да го означи лицето т.е. лицата кои се вршители на дејствијата односно се дел од комуникацијата.

Односни заменки

[уреди | уреди извор]

Формите од односната заменка можат да бидат неменливи и менливи. Неменливите форми се che и cui, додека менливата форма е quale / quali на која ѝ претходи определениот член или членуваниот предлог. Во завосност од родот и бројот се менува определениот член и последната самогласка од заменката: il quale, la quale, i quali, le quali; del quale, della quale, dei quali, delle quali итн.

Неменливи форми

[уреди | уреди извор]
  • CHE се употребува доколку односната заменка е подмет (субјект) (како во пример 1) или директен предмет (пример 2):

1. Cerco un vestito che non costi troppo. (Барам фустан кој не чини премногу.). 2. Questo ѐ il vestito che volevo. (Ова е фустанот кој го сакав.).

  • CUI се употребува доколку односната заменка означува индиректен предмет на кој му претходат различните предлози di, a , da, in, con, su, per, fra, tra итн. (пример 3 и 4):

3. Questo ѐ il ragazzo di cui mi hai parlato? (Ова ли е момчето за кое ми зборуваше?) 4. Questa ѐ la macchina con cui vado al lavoro. (Овој е автомобилот со којшто одам на работа.)

Придавка

[уреди | уреди извор]

(L'Aggettivo)

Придавките се дел од говорот кои служат да го изменат на некој начин значењето на именката. Најчестите придавки се описните кои се користат за опишување на некој предмет или лице. Во италијанскиот јазик, придавките имаат два рода (машки и женски) и два броја (еднина и множина). Се согласуваат по родот и бројот со именката на која се однесуваат. Најчестите наставки можат да се групираат во две класи (потекнуваат директно од двете класи на придавки кои се среќаваат во латинскиот јазик):

Класа Род наставка за еднина наставка за множина
1a машки род -o (rosso) -i (rossi)
1a женски род -a (rossa) -e (rosse)
2a м.р.
ж.р.
-e (verde) -i (verdi)

Исто така, постојат неменливи придавки кои не се менуваат според родот и бројот, како што се на пример некои придавки кои означуваат боја (la penna rosa - le penne rosa - il pastello rosa - i pastelli rosa; истото важи и за придавката blu) и за зборовите од странско потекло (atteggiamento dandy - un gruppo di persone dandy). Генерално, кај придавките во италијанскиот јазик се среќаваат истите неправилности како и кај именките.

Присвојни придавки

[уреди | уреди извор]

(Gli Aggettivi possessivi)

лице машки род еднина женски род еднина машки род множина женски род множина
1о еднина mio mia miei mie
2о еднина tuo tua tuoi tue
3о еднина suo, proprio (1) sua, propria (1) suoi, propri (1) sue, proprie (1)
1о множина nostro nostra nostri nostre
2о множина vostro vostra vostri vostre
3о множина loro, proprio (1) loro, propria (1) loro, propri (1) loro, proprie (1)

(1) алтернативна повратна форма

Третото 3о лице еднина е она кое се употребува во учтивата форма која понекојпат се пишува со голема буква: "Le consegno il Suo pacco" (Ќе Ви го доставам Вашиот пакет.)

(L'Avverbio)

Прилогот е неменлив збор кој служи пред сѐ поблиску да го одреди значењето на глаголот, придавката или на некој друг прилог. На пример со глагол: mangiare poco (да се јаде малку), cantare bene (да се пее убаво), dormire molto (да се спие многу); со придавка: troppo piccolo (премногу мал), poco serio (малку сериозен), assai veloce (премногу брз); со друг прилог: troppo tardi (премногу доцна), molto bene (мошне добро). Многу прилози можат да станат именки доколку им се додаде определен член: il male (зло), il bene (добро). Најчесто прилозите стојат после глаголот:

Se vuoi stare bene, non devi mangiare troppo. (Ако сакаш да се чувствуваш добро, не треба да јадеш многу.)
Ho scritto in fretta la lettera per inviarla subito. (Го напишав набрзина писмото за да го испратам веднаш.)

Прилозите во италијанскиот јазик можат да се поделат на повеќе категории:

  • прилози за начин (avverbi di modo)
  • прилози за време (avverbi di tempo)
  • прилози за количина (avverbi di quantita')
  • прилози за место (avverbi di luogo).

Степени кај прилозите

[уреди | уреди извор]

Исто како кај придавките, многу прилози можат да се степенуваат и на тој начин да имаат соодветна форма за компаратив и за суперлатив.

  • Некои прилози, особено оние за начин, ги образуваат формите за компаратив и суперлатив на ист начин како и придавките: Io leggo più velocemente di te. (Јас читам побрзо од тебе.); Le cose procedono velocissimamente/assai velocemente. (Работите се одвиваат пребрзо/мошне брзо.)
  • Прилозите кои се изведени од придавките кои имаат неправилни форми на компаратив и суперлатив, ги формираат степените на споредба на ист начин како тие придавки: Ho dormito meglio ieri. (Вчера спиев подобро.); Ho dormito ottimamente/benissimo. (Спиев одлично.)

(La Preposizione)

Предлогот е неменлив дел од јазикот која се става пред (од латинските praē = пред и ponĕre = става) некоја именка,заменка, прилог или глагол во инфинитив со цел да го утврди односот меѓу зборовите. Во италијанскиот јазик постојат осум предлози од кои пет влегуваат во комбинација со определениот член (l'articolo determinativo) и ги прават таканаречените членувани предлози (le preposizioni articolate).

il lo la i gli le
di del dello della dei degli delle
a al allo alla ai agli alle
da dal dallo dalla dai dagli dalle
in nel nello nella nei negli nelle
con col collo colla coi cogli colle
su sul sullo sulla sui sugli sulle
per pel pei

(Il Verbo)

Глаголот (итал.verbo) е менлива граматичка категорија без која не би можело да се искаже определена мисла со целосно значење. Глаголот во италијанскиот јазик може да има три различни функции и тоа:

  • да искаже определена состојба (un'azione, un modo di essere, uno stato):
La casa è grande. (Куќата е голема.)
Lo studente è italiano. (Студентот е италијанец.)
Roberto è pigro. (Роберто е мрзелив.)
  • да искаже постоење (esistenza):
Oggi c'è il vento. (Денес има ветер.)
A Venezia ci sono tanti turisti. (Во Венеција има многу туристи.)
Dio c'è. (Има Господ.)
  • да искаже дејство (azione):
Anna mangia una mela. (Ана јаде јаболко.)
Il bambino correva. (Детето трчаше.)
Ho letto la lettera di Mauro. (Го прочитав писмото од Мауро.)

Во италијанскиот јазик постојат седум глаголски начини што се поделени во две категории: modi finiti или personali (свршени или лични начини) и modi indefiniti или impersonali (неопределени или безлични начини). Свршените modi finiti се одликуваат според тоа што ги поседуваат сите одлики на конјугацијата, каде што глаголските форми се определени според лицето и бројот, додека неопределените modi indefiniti се оние кои означуваат само главни елементи на конјугацијата, а не го означуваат лицето и бројот.[2]

Свршени или лични начини

[уреди | уреди извор]

Индикатив

[уреди | уреди извор]

Индикативот (италијански Indicativo) е начин кој искажува сигурност, реалност, објективност. Индикативот има осум времиња, иако едно од нив (il trapassato remoto) тежнее кон исчезнување.

Сегашно време
[уреди | уреди извор]

Сегашното време (италијански Presente indicativo) се формира со следниве наставки:

Tempo presente

-are
es. parlare
-ere
es. vendere
-ire
es. dormire / capire
io -o -o -o / -isco
tu -i -i -i / -isci
lui, lei -a -e -e / -isce
noi -iamo -iamo -iamo
voi -ate -ete -ite
loro -ano -ono -ono / -iscono

Сегашното време во италијанскиот јазик се употребува за искажување на:

  • дејствие кое се одвива во моментот на зборување: Maria legge, suo fratello guarda la tv. (Марија чита, нејзиниот брат гледа ТВ.)
  • некоја навика: Di solito mi sveglio alle nove. (Обично се будам во девет.)
  • дејствие или факт кои се секогаш вистинити: D'inverno il sole tramonta presto. (Во зима сонцето заоѓа рано.)
  • поговорка, изрека: Il tempo guarisce tutti i mali. (Времето ги лекува сите зла.)
  • минато дејствие прикажано како актуелно (presente storico): Tito muore nel 1980. (Тито умира во 1980 г.)
  • идно дејствие чие извршување се смета за сигурно (карактеристично за говорниот јазик): Pietro parte domani alle sette. (Пјетро заминува утре во седум.)
Минато определено несвршено време (Имперфект)
[уреди | уреди извор]

Tempo imperfetto

-are
es. parlare
-ere
es. vendere
-ire
es. dormire / capire
io -avo -evo -ivo
tu -avi -evi -ivi
lui, lei -ava -eva -iva
noi -avamo -evamo -ivamo
voi -avate -evate -ivate
loro -avano -evano -ivano
Минато определено свршено време
[уреди | уреди извор]

Tempo passato remoto

-are
es. parlare
-ere
es. vendere
-ire
es. dormire / capire
io -ai -ei, -etti(1) -ii
tu -asti -esti -isti
lui, lei -é, -ette(2)
noi -ammo -emmo -immo
voi -aste -este -iste
loro -arono -erono, -ettero(3) -irono

(1) за многу глаголи од втората конјугација наставката е -i, но се менува оснавата на глаголот. (cadere > caddi; scrivere > scrissi; tenere > tenni; etc.)
(2) за многу глаголи од втората конјугација наставката е -e, но се менува оснавата на глаголот. (cadere > cadde; scrivere > scrisse; tenere > tenne; etc.)
(3) за многу глаголи од втората конјугација наставката е -ero, но се менува оснавата на глаголот. (cadere > caddero; scrivere > scrissero; tenere > tennero; etc.)

Просто идно време
[уреди | уреди извор]

Tempo futuro semplice

-are
es. parlare
-ere
es. vendere
-ire
es. dormire / capire
io -erò -(e)rò -irò
tu -erai -(e)rai -irai
lui, lei -erà -(e)rà -irà
noi -eremo -(e)remo -iremo
voi -erete -(e)rete -irete
loro -eranno -(e)ranno -iranno

Конјуктив

[уреди | уреди извор]
Конјуктив на сегашното време
[уреди | уреди извор]

Congiuntivo presente

-are
es. parlare
-ere
es. vendere
-ire
es. dormire / capire
io -ii -a -a / -isca
tu -ii -a -a / -isca
lui, lei -ii -a -a / -isca
noi -ìamo -ìamo -ìamo
voi -iate -iate -iate
loro -ino -ano -ano / -iscano
Конјуктив на минатото време
[уреди | уреди извор]

Tempo imperfetto

-are
es. parlare
-ere
es. vendere
-ire
es. dormire / capire
io -assi -essi -issi
tu -assi -essi -issi
lui, lei -asse -esse -isse
noi -assimo -essimo -issimo
voi -aste -este -iste
loro -assero -essero -issero

Условен начин

[уреди | уреди извор]
Сегашен условен начин
[уреди | уреди извор]

Tempo presente

-are
es. parlare
-ere
es. vendere
-ire
es. dormire / capire
io -erei -erei -irei
tu -eresti -eresti -iresti
lui, lei -erebbe -erebbe -irebbe
noi -eremmo -eremmo -iremmo
voi -ereste -ereste -ireste
loro -erebbero -erebbero -irebbero

Заповеден начин

[уреди | уреди извор]

Modo imperativo

-are
es. parlare
-ere
es. vendere
-ire
es. partire / capire
2a pers. sing. -a -i -i
3a pers. sing. -i -a -a
1a pers. plur. -iamo -iamo -iamo
2a pers. plur. -ate -ete -ite
3a pers. plur. -ino -ano -ano / -iscano

Неопределени начини

[уреди | уреди извор]

Во италијанскиот јазик постојат три неопределени начини и тоа:

Infinito (инфинитив)

[уреди | уреди извор]

Овој начин го означува дејството воопшто, не определувајќи го лицето и бројот. Обично карактеристичната форма на глаголот се предава во инфинитив и тој може да биде означен како transitivo (преоден), intransitivo (непреоден), attivo (активен), passivo (пасивен) и riflessivo (повратен):

Devo uscire.
Spero di finire in tempo.
Bisogna alzarsi presto.

Gerundio (герундив)

[уреди | уреди извор]

Оваа форма искажува како се врши дејството или состојбата во неменлива форма искажани во главната реченица. Герундивот се употребува со глаголот stare за конструкција на прогресивни реченици ("sto andando a Roma", quindi sono in viaggio), или пак на местото на некоја временска или причинска зависна реченица("vedendo il sole, uscì).

-are
es. parlare
-ere
es. vendere
-ire
es. partire / capire
-ando -endo -endo

Participio (партицип)

[уреди | уреди извор]

Партиципот е глаголски начин со кој се искажува основното значење на глаголот како што придавката ѝ придава додатно значење на именката. Партиципот кога има значење на придавка се менува според родот и бројот на именката до која стои, додека со вредност на глагол се менува според родот и, во некои случаи, и според бројот:

-are
es. parlare
-ere
es. vendere
-ire
es. dormire / capire
партицип на сегашно време -ante -ente -ente
партицип на минато време -ato -uto -ito

(La Congiunzione)

Сврзниците се неменливи зборови кои имаат поврзувачка функција (од латински cum = со и iungere = врзува заедно): поврзуваат два или повеќе зборови во една или повеќе реченици и исто така имаат основна улога во организирањето и составувањето на говорот. Најчести сврзници во италијанскиот јазик се:

Сврзникот Е

[уреди | уреди извор]
  • Се употребува при набројување:

Abbiamo comprato mele, pere e banane. (Купивме јаболка, круши и банани.)

  • Се употребува со додатна функција:

Anna è buona e gentile, fa tutto per gli amici e non si lamenta mai. (Ана е добра и љубезна, прави се за пријателите и никогаш не се жали.)

  • Се употребува со спротивно значење:

Dici di essere pauroso e (invece) sei molto corraggioso. (Велиш дека си плашлив а напротив мошне си храбар.)

  • Се употребува во реченици кога нешто се заклучува или се објаснува:

Ieri ho lavorato molto e (percio') sono molto stanco. (Вчера работев многу и поради тоа сум многу уморен.)

  • Се употребува да ги поврзе tutti/tutte со бројна придавка:

Li abbiamo visti tutti e due insieme. (Ги видовме двајцата заедно.)

  • Му се додава d пред зборовите кои започнуваат со е:

Dobbiamo sbrigarci ed essere puntuali. (Треба да побрзаме и да бидеме точни.)

(Le interiezioni)

Извикот е неменлива граматичка категорија која се користи за искажување на моменталното чувство на изненадување, радост, чудење, восхит, презир, болка, лутина и др. Карактеристично е тоа што по извикот следува графичкиот знак извичник или запирка, а истите можат да бидат вметнати во кој и да е дел од разговорот и да искажуваат широка палета на чувства согласно контекстот во кој се среќаваат.

  • Самогласни изрази кои искажуваат изненадување, зачуденост, шок или страв: Ah! Oh! Eh! Uh!
  • Извици кои искажуваат сомнеж, несигурност, засраменост: Mah! Boh! Ehm! Beh!; 'Di chi è questa macchina? Boh?', Beh! Cosa volete?
  • Извици на болка (физичка или психичка): Ahi! Ahimè! Ohimè!, Ahi! Mi sono scottato!, Ahimè è finito il vino!
  • Извици кои изкажуваат здодевност, нетрпение, иритација: Uffa! Non ce la faccio più!

Некои придавки може да се употребат како извици, искажувајќи на пример задоволство, восхитување, воодушевување, потврда, благодарност. Очигледно дека постои широк спектар на такви придавки, како во следниве примери: Bello! (Убаво!), Bravo! Bravissimo! (Браво! Одлично!), Che bello! (Колку убаво!), Fantastico! (Фантастично!), Buona idea! (Добра идеја!).

Многу често придавките можат да бидат во комбинација со односната заменка che: Che bel bambino! (Колку убаво дете!) и со quanto или come: Quant'è bravo quello studente! (Колку е добар оној ученик!), Come sei furbo! (Колку си итар!).

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • L. Serianni, Grammatica italiana; italiano comune e language letteraria, Torino, UTET, 1989.
  • Н. Китановски, М.Маца, Италијанска граматика, Скопје, Еуроклиент, 1998.
  • L. Craici, ITALIANO, Parlare e scrivere, Manuale di comunicazione per il mondo del lavoro, la scuola, le pubbliche relazioni, Milano, Anotnio Vallardi Editore s.u.r.l., 2007
  • Simone, Raffaele (2010). Enciclopedia dell'italiano. Treccani.
  • Palermo, Massimo (2015). Linguistica italiana. Il Mulino. ISBN 9788815258847.
  • Berloco, Fabrizio (2018). The Big Book of Italian Verbs: 900 Fully Conjugated Verbs in All Tenses. With IPA Transcription, 2nd Edition. Lengu. ISBN 9788894034813.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. L. Serianni, Grammatica italiana; italiano comune e language letteraria, Torino, UTET, 1989
  2. Berloco 2018, pp. 77-119

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]