Големо гушанче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Големо гушанче
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Трскари
Род: Hippolais
Вид: Големо гушанче
Биномен назив
Hippolais olivetorum
(Strickland, 1837)

Големото гушанче или маслинар (науч. Hippolais olivetorum) е мала врапчевидна птица од фамилијата на трскарите (Acrocephalidae), од родот на дрвните трскари (Hippolais). Се размножува низ југоисточна Европа и Блиски Исток. Ја има и во Македонија. Птица преселница е, што зимува во источна и јужна Африка, од Кенија до Јужна Африка.

Опис[уреди]

Оваа птица е со средна големина од трскарите, но најголем од гушанчињата. По големина е колку дамчестото грмушарче, долго околу 15,5-17 см, со малку подолг клун и пократка опашка. Главата му е сплескана, крилјата долги, а нозете тешки. Одозгора е сивкавокафеав, а одоздола валканобел.

Однесување[уреди]

Живеалиштето на оваа птица се отворените дабови шуми, насадите со маслинки, овоштарниците и плантажите со бадеми.

Се храни, како и другите трскари, со инсекти.

Гнездото го гради на мали дрвја или во грмушки и несе 3-4 јајца.

Песната му е спој од чкрипење и врескање, малку пониско од другите трскари, а исто така, и поспоро.

Статус[уреди]

Во Европа, што сочинува 95% од вкупниот број, има 11.000-23.000 пара од овие птици, односно околу 33.000 - 69.000 поединци.[2] Според Црвениот список на МСЗП оваа птица е класифицирана како вид со најмала загриженост.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]