Германска комунистичка партија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Германска комунистичка партија | |
| Deutsche Kommunistische Partei | |
|
|
|
| Основана | 1968, во Западна Германија |
|---|---|
| Идеологија | Комунизам |
| Партиски бои | Црвена |
| Весник | „unsere zeit“ |
| Веб-место | http://www.dkp.de/ |
Германска комунистичка партија (германски: Deutsche Kommunistische Partei, DKP, ДКП) е германска левичарска политичка партија основана во Западна Германија во 1968, со цел да се замени старата Комунистичка партија на Германија (KPD, КПД), којашто била забранета од Федералниот уставен суд во 1956. Во голема мера произлегла од екстрапаравоената опозиција. Партијата останува релативно мала, никогаш не освоила повеќе од 0.3% од гласовите во федералните избори. Многу членови на ДКП ја напуштиле партијата по обединувањето на Германија и се зачлениле во новоформираната Партија за демократски социјализам (PDS, ПДС), наследничка на западногерманската Партија за социјалистичко единство на Германија (SED, СЕД).
Во изборите од 2005 година, ДКП ја подржувала Левата партија (Die Linke), наследничка на ПДС.
Има свој неделен весник, „Унсере цајт“ (unsere zeit).
