Гастроинтестинален систем

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Човековиот гастроинтестинален систем

Гастроинтестиналниот систем (уште познат и како дигестивен систем или систем за варење) е органски систем кај цицачите приспособен за механичка и хемиска обработка на храната, ресорпција на храната во крвните садови и дефекација — отстранување на несварените (недигерирани) остатоци од храната.

Содржина


[уреди] Механичка и хемиска обработка

Механичката обработка на храната се врши во усната празнина, со помош на забите и плунката, која служи за навлажнување на храната, со што се олеснува:

Хемиската обработка на храната го подразбира дејството на ензимите во најразлични делови од системот за варење, како на пример во желудникот, малото црево итн.

Ситемот за дигестија има многу важна функција: ја разложува храната што ја внесуваме секој ден, така што организмот може од неа да добие енергија и хранливи материи, потребни за создавање и одржување на ткивата, како и да се овозможи да се вршат различните животни функции.

[уреди] Ресорпција

Ресорпција претставува процес на преминување на дигерираните молекули од храната во циркулаторниот систем. Најголем дел од ресорпцијата се одвива во цревата, а помалку во усната празнина (каде се ресорбира само медикаментот нитроглицерин) и во желудникот (каде се ресорбираат готварската сол, некои витамини, јони на железото, алкохол и голем процент вода).

[уреди] Дефекација

Цревната микрофлора при разградувањето на несварените состојки од храната, ослободува многу гасови (јаглероден диоксид, сулфур, водород, метан, азот) и токсични материи, како амонијак скатол итн. Овие материи, заедно со остатокот од несварената храна, цревните микроорганизми и нивните секрети го формираат фецесот. Овој материјал се отстранува од организмот со активноста на мазните и напречно-пругавите мускули со процесот наречен дефекација.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици