Втора македонско-римска војна
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Втора Македонско-римска Војна | |||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Дел од серијалот за Македонско-римските војни |
|||||||
Беломорското приморје, околу 200 п.н.е |
|||||||
|
|||||||
| Завојувани страни | |||||||
| Римска Република Родос | Македонија | ||||||
| Војсководци | |||||||
| Титус Фламиниус | Филип V | ||||||
|
|||||
Втората Македонско-римска Војна траела од 200 п.н.е. до 197 п.н.е. Војната се одвивала помеѓу Македонија предводена од македонскиот крал Филип V и Римската Република. Била создадена антимакедонска коалиција, во која учествувале елинистичките држави Пергамон, Родос и други.
Во 201 п.н.е., амбасадори од Пергамон и Родос поднеле докази пред Римскиот сенат дека Филип V и Селевкидскиот цар Антиох III потпишале пакт за ненапаѓање. Иако некои учени сметаат дека овој „таен договор“ бил измислен од Пергамон и Родос, ова предизвикало Римјаните да ја започнат таканаречената Втора македонско-римска војна, со помош на грчки сојузници. Ова бил нерешавачки судир сѐ до римската победа во битката кај Киноскефали во 197 п.н.е. По Темпејскиот мировен договор, на Филип V му било забрането да се меша во работите на своите соседи, услов до кој се држел до крајот на животот. Во 194 п.н.е. Римјаните ја прогласиле Грција за „слободна“, и сосема се повлекле од Балканот. Изгледало дека Рим немал повеќе интереси во регионот.
Иако римјаните прогласиле слобода на грците војната ја зацврстила позицијата на Рим на територијата на источниот Медитеран и била предуслов за освојување на целиот реагион.