Втора македонско-римска војна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Втора Македонско-римска војна
Дел од серијалот за
Македонско-римските војни

Беломорското приморје, околу 200 п.н.е
Датум 200 п.н.е. - 197 п.н.е.
Место Македонија, Тесалија
Исход Победа на Римската Република
Завојувани страни
Римска Република

Пергам Родос

Македонија
Команданти и водачи
Титус Фламиниус Филип V

Втората македонско-римска бојна траела од 200 п.н.е. до 197 п.н.е. Војната се одвивала помеѓу Македонија предводена од Филип V и Римската Република.[1] Била создадена антимакедонска коалиција, во која учествувале Пергам, Родос, Атина, Илирите, Дарданија и хеленските држави. Во првите години на војната Филип V успешно се спротивставува на Римјаните и обезбедува цврста позиција на реката Аос. До решавачка битка меѓу македонската и римската војска доаѓа во јуни 197 г. пр.н.е. кај Киноскефале во која македонската фаланга и покрај почетните успеси е целосно разбиена. Македонците имаат големи загуби: загинуваат 8.000 војници, а 5.000 се заробени. Филип V го напушта боиштето, а при повлекувањето ја пали кралската архива во Лариса, пред таа да падне в раце на Римјаните, при што се спасуваат државните документи. Во Tемпа се склучува примирје и Филип V се повлекува во Македонија.

Во 201 п.н.е., амбасадори од Пергам и Родос поднеле докази пред Римскиот сенат дека Филип V и Селевкидскиот владетел Антиох III потпишале пакт за ненапаѓање. Иако некои учени сметаат дека овој „таен договор“ бил измислен од Пергам и Родос, ова предизвикало Римјаните да ја започнат таканаречената Втора македонско-римска војна.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 885–886. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.