Воислав Санев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Воислав Санев
Роден 26 јуни 1938
Кочани,  Кралство Југославија
Починал 8 април 2007
Скопје,  Македонија
Националност Македонец
Занимање археолог

Воислав Санев (26 јуни 1938, Кочани 8 април 2007, Скопје, Македонија) — македонски археолог.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Дипломирал археологија на Филозофскиот факултет во Белград (1963). Од 1963 до 1969 г. работел како кустос во Народниот музеј во Штип, а потоа во Музејот на Град Скопје (1969–1970). Повторно се вратил во Штип (1970– 1976), а од 1976 г. работел во Археолошкиот музеј на Македонија, каде што останал до 2000 г.

Бил директор на Народниот музеј во Штип, в.д. директор на Музејот на Македонија и раководител на Археолошкиот оддел, претседател и секретар на МАНД, уредник и технички уредник на „Macedoniae Acta Aheologica “, на Археолошка карта на РМ, Зборник на Народниот музеј од Штип, Зборник на Археолошкиот музеј и др.

Истражувачка работа[уреди | уреди извор]

Го истражувал и го проучувал неолитот во Македонија (Вршник, Анзабегово, Руг Баир, Велушка Тумба, Тумба Маџари, Страната, Канли Чаир, Амам, Tумба Мршевци и др.).

Библиографија[уреди | уреди извор]

Публикувал околу 40-тина отпечатени трудови со широк опус од македонската археологија

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]