Вилеброрд Снел
Од Википедија, слободната енциклопедија
Вилеброрд Снел (холандски: Willebrord Snel van Royen; 1580 - 30 октомври 1626) бил холандски математичар и астроном
Снел студирал право на универзитетот во својот роден град Лајден, Холандија, за потоа да премине на студии по математика. Од 1600 година патувал низ Европа и запознал големи научници, меѓу кои Кеплер и Брахе. Во 1608 година се вратил во Лајден и се оженил со Марија де Ланге. Неговиот прв значаен труд „Eratosthenes batavus“ ги претставува темелите на современата геодезија (метод на мерење на Земјата). Исто така, тој објавил студии од астрономија и навигација, но бил запаметен по законот за прекуршувањето на светлината.
[уреди] Извор
- Енциклопедија „ОПШТА НАУКА“ (преведена на Македонски јазик), Национална и универзитетска библиотека „Свети Кирил и Методиј“, Скопје