Википедија:Избрана статија/2020/19

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мала Франција во Стразбур
Мала Франција во Стразбур

Алзас (француски: Alsace) или Елзас (алзашки: ’s Elsass; германски: Elsass/Elsaß; латински: Alsatia) — поранешен регион во Франција. Се наоѓа на североисточната граница на западниот брег на горниот тек на Рајна и се граничи со Германија и Швајцарија. Најважен политички, економски и културен центар на Алзас е градот Стразбур кој воедно е и главен и најголем град на регионот. Бидејќи тој град е седиште на десетици меѓународни организации и тела, Алзас е политички еден од најзначајните региони во Европската Унија.

Траги на името „Алзас“ се гледаат во горногерманскиот збор Ali-saz или Elisaz, што значи „туѓо царство“. Алтернативното објаснување потекнува од германското Ell-sass, што значи „сместено на Ил“, река во Алзас. Регионот историски припаѓал на Светото Римско Царство. Постепено се припоил кон Франција во тек на XVII век под власта на кралевите Луј XIII и Луј XIV како една од поранешните француски покраини. Алзас честопати се споменува сврзано со Лорена, поради тоа што германската припадност на овие два региона (како царска покраина Алзас-Лорена]], 1871–1918) била оспорена во XIX и XX век, во тек на кои Алзас четири пати во тек на 75 години припаѓал последователно и на Франција и на Германија. (Дознајте повеќе...)