Википедија:Археоекспедиции 2019

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Археоекспедиции“

Во текот на 2019 година се организирани три археоекспедиции, со кои се опфатени следните археолошки наоѓалишта и области:

  1. Аударист — дводневна експедиција во еден дел; и
  2. Давина Кула — еднодневна експедиција во еден дел.

Одржани експедиции[уреди извор]

Првата експедиција беше одржана во средината на месецот април, односно на 17 јуни, при што заедно со професорот д-р Виктор Лилчиќ - Адамсен, врвен македонски археолог и 2 студенти по археологија на Филозофскиот факултет беа посетени ископините на древниот римски град Аударист, средновековниот град Девол во археолошкото наоѓалиште Градиште кај селото Дреново, Кавадаречко. Професорот Лилчиќ - Адамсен направија и теренски мерења за убикација и исцртување на границите на древниот град. Втората експедиција е извршена на 31 мај, откако Марио Шаревски со велосипед се упатил и го пронашол наоѓалиштето Давина Кула на крајната западна падина на Скопска Црна Гора над клисурата на Лепенец. Третата експедиција е извршена на 20 октомври, кога Марио Шаревски и Дарко Стојчески го посетиле наоѓалиштето Девини Кули во близината на селото Девич во областа Порече. Остварени се посети и на археолошките наоѓалишта Бадеријана и Тауресиум за сликање на нови наоди на 10 март и Марков Град на 11 октомври.

Статии
Број Статија Фотографија Забелешки
1. Аударист — археолошко наоѓалиште на антички и средновековен римски град нова статија
2. Давина Кула — археолошко наоѓалиште на доцноантичка тврдина подобрена статија
3. Девини Кули — археолошко наоѓалиште на доцноантичка тврдина подобрена статија
4. Девичка Црква — средновековна црква во урнатини нова статија
5. Марков Град — средновековна тврдина и збег подобрена статија
6. Бадеријана — археолошко наоѓалиште на антички град подобрена статија
7. Тауресиум — археолошко наоѓалиште на антички град подобрена статија
8. Питос — антички сад подобрена статија

Поврзано[уреди извор]