Венче Николоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Венче Л. Николоски
Роден 1925 година
Локвица, кај Македонски Брод
Починал 10 октомври, 1944 година
Вратница, тетовско
Народност Македонец

Венче Л. Николоски ( 1925 во Локвица, Порече10 октомври 1944 во Вратница, тетовско) — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Бил роден во 1925 година во селото Локвица кај Македонски Брод. По занимање бил земјоделец. Кон НОБ се приклучил доброволно во Првата македонско-косовска бригада во 1944 година. Учествувал во повеќе борби, особено во расчистувањето на теренот од балистите во кичевскиот крај. Во една борба со балистите загинал во селото Вратница на 10 октомври 1944 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Порече низ историјата, Милан Ристески, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1982, стр.215