Веб камера

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Изглед на типична веб камера

Веб камерите се мали камери кои што се користат за снимање на слики и видео материјали кои што можат да се испраќаат преку интернет, а служат и за компјутерски видео состаноци.

Веб камерите користат дигитална камера чии слики се испраќаат на некој мрежен сервер, постојано или на одредени интервали. Ова се постигнува или со користење на камери специјално направени за компјутер или пак со спојување на обичните видео камери со компјутер. Може да се користат и аналогни камери кои се спојуваат со картичка за снимање на видео а потоа сниманиот материјал се испраќа на интернет.

Содржина

[уреди] Историја

Кафематот сликан со првата веб камера

Првата веб камера е измислена на оделот за компјутерска наука при универзитетот Кембриџ, во 1991 година и е наречена КафеКамера бидејќи покажувала кон кафемат. Таа конечно е исклучена на 22-ри август 2001 година.

Најстарата веб камера која е активна и денес се наоѓа во државниот универзитетот во Сан Франциско и непрекинато работи од 1994-та година.

Со развојот на веб камерите се појавија многу интернет страници кои нудеа 24-часовен пренос во живо на животот на некои личности. Со развојот на веб камерите се јаве и голем пораст на интернет порнографијата, а и на малолетничката порнографија која е строго забранета.

Според најновите практитики производителите на лаптопи почнаа да ги вградуваат веб камерите поради нивната секојдневна и честа употреба.

[уреди] Видео состаноци

Со развојот на веб камерите на програмите за допишување преку интернет му се додадени и видео можности со кои корисниците кои што се допишуваат имаат можност и да се гледаат преку своите веб камери. Ова е технологија која постојано се подобрува па според тоа и се подобруваат услугите кои им се достапни на корисниците.

Оваа можност е достапна во сите познати програми за допишување како Yahoo Messenger, AOL Instant Messenger (AIM), Windows Live Messenger, Skype, iChat и многу други

[уреди] Употреба за набљудување

Денес во повеќе домови и објекти се користат веб камери како безбедносни камери кои постојано снимаат и сликите или видеото го испраќаат на интернет, го снимаат на компјутер па и преку посебни програми ја информираат полицијата и сопственикот.

[уреди] Технологија

Sweex USB webcam PCB with without lens close up.jpg

Градбата на веб камерите обично се состои од леќа, сензор за слики и дополнителни електроники. Се користат најразлични леќи а предност имаат тие кај кои фокусот може рачно да се менува. Обично квалитетот на камерата се мери со слики во минута и кај обичните веб камери се движи околу 15 слики во минута, а кај поновите и посовремени веб камери и до 30 слики во минута.

Помошните електроники ја читаат сликата од сензорот и ја префлуваат на компјутер. Кај некои камери овие електроники се ставаат посебно, кај други се вградени заедно на еден чип.

Исто така повеќето веб камери се вградени заедно со микрофон

[уреди] Приватност

Како и другите компјутерски уреди така и камерите знаат да бидат цел на хакерски напади. Хакерите ги искористуваат овие камери за злоупотреба.