Матична плоча

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дијаграм на матична плоча „ASRock K7VT4A Pro“ со нејзините составни делови

Матичната плоча која уште се нарекува и системска плоча (поретко: основна логичка плоча) е прицврстена на долната страна кај хоризонталните куќишта или на една од вертикалните страни кај вертикалните куќишта. На неа се наоѓаат разни чипови во кои се сместени обработувачот, рам меморијата итн. Во посебни лежишта на основната плоча, т.н. слотови се ставаат картички со разни претворачи и контролори. Преку т.н. порти на картичките се приклучуваат влезните и/или излезните единици. Без матична плоча не може да работи ниту еден компјутер бидејќи сите останати делови треба да се прикачат на неа. Со напредокот на сметачката техника се почесто може да се сретнат и интегрирални компоненти врз матичните плочи што ги извршуваат задачите на компонентите прикачени во жлебови.