Валја Балканска
| Валја Балканска | |
| Биографски податоци | |
|---|---|
| Роден(а) | 8 јануари 1942 |
| Жанрови | Народна |
| Занимања | Пејачка |
| Инструменти | Вокал |
| Период на активност | 1960 - сѐ уште |
Валја Младенова Балканска (бугарски: Валя Младенова Балканска) (родена на 8 јануари 1942 во селото Арда, Смолјанска област) е пејачка на народна музика од Бугарија и таа пее родопски народни песни.
Содржина |
[уреди] Биографија
Во репертоарот ѝ, претставуван во целиот свет, влегуваат песни како "Шар Планина", "Девојко, бално ли ти е", "Триста са пушки пукнали", "Хајдутине се молеха", "А бре, јуначе лудо и младо", "Горо ле, горо зелена", "Мајчинко, стара мајчинко", но најпознатата и изведба е на песната "Излел е Делјо хајдутин". Оваа песна во нејзина изведба е повод за национална радост во Бугарија, откако во 1977 година нејзин запис е вклучен во Златната плоча, испратена во вселената со двата американски вселенски бродови Војаџер, кои во 2004 година ги напуштиле пределите на Сончевиот систем. Вселенското летало Војаџер 1, било лансирано на 5 септември 1977 година, ја носи плочата со записот на песната "Излел е Делјо хајдутин", испеана од пејачката Валја Балканска.[1]
По повод 60-тата годишнина ѝ за исклучителни достигнувања во областа на певческата уметност, во 2002 година Валја Балканска била наградена со најголемото одликување на Бугарија - "Стара планина"[2]. Во 2005 година била номинирана е за државната награда "Св Паисиј Хилендарски". Во декември 2005 година народната пејачка ја добила својата ѕвездена плоча во Бугарското шеталиште на славните[3][4]. За неа ќерката на писателот Николај Хајтов, Елена Хајтова, пишува книгата "Сама меѓу ѕвездите"[5].
[уреди] Дискографија
- Глас од вечноста (2004)
[уреди] Наводи
- ↑ „Music On Voyager Record“. NASA. http://voyager.jpl.nasa.gov/spacecraft/music.html. проверено на 2009-02-16.
- ↑ Български интелектуалци наградени с орден "Стара планина"
- ↑ Валя Балканска със звезда на Алеята на славата
- ↑ Галерия снимки от награждаването на Валя Балканска със звезда на Алеята на славата
- ↑ "Излезе втора книга на Хайтова за Валя"