Бураг
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Бураг (латински: rumen), наречен и преден желудник, е првата комора на желудникот кај преживните животни. Тој служи како примарно место каде се врши ферментација на дигестивниот материјал во целиот систем за варење. Откако храната се голта, таа патува во дорзалната мрежичка (reticulum), првата комора на желудникот кај преживарите, од каде се носи во дорзалниот бураг, каде потпаѓа под ензимско (ферментско) дејство.
Протеинските, неструктурните јаглехидрати (вклучувајќи скроб, сахароза и пектин), и структурните јаглехидрати (вклучувајќи хемицелулоза и целулоза) се ферментираат од преживарските микроби. Низ процесот на варење и преживање, дигестивните честички се редуцираат во големина, а се зголемува нивната густина сѐ додека тие не преминат во вентралниот бураг. Контракциите на бурагот го носат дигестивниот материјал повторно во мрежичката и преку ретикулобуражниот отвор тие одат до другите делови на дигестивниот тракт. Алтернативно, честичките можат да бидат однесени повторно во бурагот.
Бидејќи границата помеѓу бурагот и мрежичката е нејасна и некомплетна, овие комори се нарекуваат некогаш и како ретикулобураг.
| Оваа статија од областа на анатомијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |