Була (печат)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оловен печат (була) од 16 век

Була[1][2] (латински: bulla) — оловен висечки печат, кој низ историјата се користел за заверување на разни исправи. Таквите печати во нивниот изворен облик биле користени уште во древноста, а потоа и во средновековието. Бидејќи тие често се користеле за автентичност на царските и папските исправи, со текот на времето се развил обичајот таквите исправи според видот на своите печати да се нарекуваат були. На многу папски були (исправи) се зачувани изворните оловни печати (були). Кога владетелските исправи во Византиското Царство почнале да се потврдуваат со златни печати, таквите исправи биле наречени златни були или хрисовули, додека исправите со сребрени печати биле означени како сребрени були или аргировули.[3][4]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]