Бошњачко-хрватска војна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Војна

Александар III МакедонскиАлександар СуворовТенк Т-34

Воена историја по доба
Портал „Војна“  


Бошњачко-хрватската војна беше вооружен конфликт во времето на Војната во БиХ помеѓу бошњачките сили предводени од Армија на Република Босна и Херцеговина и хрватските сили предводени од ХВО и потпомогнати со регуларната војска на Република Хрватска, која кулминираше при крајот на април 1993. година и траеше се до потпишувањето на Вашингтонски договор во средината на февруари 1994. година.

Поради вмешаноста на војската на Република Хрватска овој конфликт е во пресудите на Меѓународниот суд за војни злосторства во Хаг карактеризиран како меѓународен конфликт.


Ситуацијата пред конфликтот[уреди]

Меѓу Хрватите во БиХ постоеле две фракции. Поголемата фракција ја застапуваше идејата на Фрањо Туѓман за етничка поделба на Босна и Херцеговина, додека помалата фракција беше за единствена Босна и Херцеговина. Првата фракција имаше свое упориште во Херцеговина, освен групата на луѓе околу Блаж Краљевиќ во Љубушки, кои се залагаа за единствена Босна и Херцеговина и за сојузништво помеѓи Бошњаците и Хрватите. Од двата хрватски претставници во Претседателството на Република Босна и Херцеговина, Фрањо Борас припаѓаше на херцеговската фракција, а Стјепан Кљујиќ на пробосанската. Фрањо Туѓман од самиот почеток, го фаворизираше ова првото.

Хрватите беа премногу критични во врска со улогата на Бошњаци во хрватската војна, обвинувајќи ги многумина дека останале во ЈНА во текот на цела 1991. и поголемиот дел на 1992. година. Хрватската пропаганда го обвинила командантот на босанската ТО, Сефер Халиловиќ, дека активно учествувал во разурнувањето на Вуковар, што покасно се докажало како неточно.

Туѓман барал меѓународно признавање на Хрватска во составот на нејзините постоечки граници, а настојуваше да ја подели Босна и Херцеговина. Додека со Уставот на сопствената Република Хрватска тој му го скратил статусот на Србите како конститутивен народ, тој сепак барал таков статус за Хрватите во БиХ.

ХВО добиваше наоружување и друга помош од Загреб, преку ХДЗ од Херцеговина. Мате Бобан, под Туѓмановото покровителство постанал de facto водач на Хрватите во БиХ, набрзо отфрлајќи ги нивните дотогашни претставници, Кљујиќ и Борас.

На 13 и 20 јуни 1991 г. Фрањо Туѓман, одржал состанок со претставниците на ХДЗ од Босна и Херцеговина, поточно со претставниците на Херцеговската и Травничката хрватска регионална заедница. Во ноември 1991. Херцеговската и Травничката регионална заедница постигнале договор за целите на хрватскиот народ, што резултираше со документ кој го потпишале членовите на ХДЗ од БиХ Мате Бобан, Дарио Кордиќ, Иван Бендер, Божо Раиќ, Јозо Мариќ и др. Во документот е наведено дека трајно определување на Хрватите во БиХ, заедничка хрватска држава. Бобан прогласил хрватска држава во западна Херцеговина 18. 1991. година под имеро на Хрватската заедница Херцег-Босна со сопствени вооружени сили, кои покасно, на 28. 1993. година биле преименувани во Хрватска република Херцег-Босна.

Надворешни линкови[уреди]

Филмови[уреди]


Видете исто така[уреди]