Блатна стрнарка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Блатна стрнарка
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Фамилија: Стрнарки
Род: Emberiza
Вид: Блатна стрнарка
Биномен назив
Emberiza schoeniclus
(Linnaeus, 1758)

Блатната стрнарка (науч. Emberiza schoeniclus) е врапчевидна птица овесарка од фамилијата на стрнарките Emberizidae, група, која современите авторитети ја издвоија од фамилијата на зебите Fringillidae. Распространета е низ Европа и умерена и северна Азија, вклучувајќи ја и Македонија. Таа е претежно птица преселница која зимува понајуг, но популациите кои живеат во топлиот југозапад од опсегот се постојани жители.

Опис[уреди]

Блатната стрнарка е птица со средна големина, долга 13.5-15.5 см, со мал, но цврст клун карактеристичен за птиците што се хранат со семиња. Мажјакот има црна глава и грло, бел околувратник, бели долни делови и многу избразденошарен кафеав грб. Женката е многу побледа, со кафеава глава со линии и одоздола е, исто така, цела прошарана со линии. Песната на мажјакот е повторливо, на некој начин монотоно црип.

Однесување[уреди]

Живеалиштето на блатната стрнарка се влажните предели, ливадите крај мочуриштата, трските и бујната вегетација.

Гнездото го прави на земја или ниско близу до земјата каде несе 4-7 јајца со карактеристични шарки, како влакненца.

Младенчињата ги храни со инсекти, инаку се храни со семиња.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]