БИБЛ сезоната 2019/20 - 12. издание на Балканската Кошаркарска Лига. Сезоната започнала на 22 октомври 2019 година, а играчки завршила на 3 март 2020 година. Сезоната немала првак бидејќи била прекината поради COVID-19 пандемијата.[1]
Во регуларниот дел екипите биле во лига составена од пет екипи. Самиот регуларен дел бил поделен на три фази. Секоја екипа играла против екипите во групата на дома и на гости во првите две фази. Во третата фаза, секоја една екипа ќе играла еднаш против екипите, со или без предност на домашен терен зависно од пласманот на табелата. Поради откажувањето на Раховеци, повеќето натпревари од третиот дел на лигашкиот дел не биле одиграни. Со тоа, останатите четири екипи од лигата продолжиле понатаму.
Според првичниот план екипите кои ќе завршеле на првите две места во лигата ќе играле финале преку двомеч. Поуспешната екипа од двомечот ќе го одлучела првакот на сезоната 2019/20. Но поради откажувањето на Раховеци во регуларниот дел, БИБЛ одлучил да се заврши сезоната преку завршен турнир.[3] Во април, поради пандемијата со заразата COVID-19, било одлучено завршниот турнир да се одигра во септември, наместо во март и април.[4] На 29 јуни било најавено дека турнирот нема воопшто да се одигра и немало прогласување на првак.[1]
Поради откажувањето на Раховеци, повеќето натпревари од третиот дел на лигашкиот дел не биле одиграни.
1 Влазниа и Ибар Рожаје одиграле дополнителен меѓусебен натпревар за да го одлучат третото и чевртото место.[3] Но потоа, натпреварот бил одложен поради пандемијата на заразата COVID-19.[5]
↑ 1,01,1„Season 2019-2020 will not be resumed!“. balkanleague.net преку web.archive.org. 29 јуни 2020. Архивирано од изворникот на 2020-07-01. Посетено на 1 јули 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
↑ 3,03,1„The BIBL season to finish with a Final Four“. balkanleague.net преку web.archive.org. 9 март 2020. Архивирано од изворникот на 2020-03-11. Посетено на 11 март 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
↑„The BIBL Final Four is moved to September“. balkanleague.net преку web.archive.org. 10 април 2020. Архивирано од изворникот на 2020-06-07. Посетено на 7 јуни 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)