А бре Македонче, ти вардарско пиле

Од Википедија — слободната енциклопедија
„А бре Македонче,
ти вардарско пиле“
Песна од
Васка Илиева, Блага Видец и Благој Петров;
Александар Сариевски и Васка Илиева
од албумот
„Macedonian Stories in Song“ (1960)
Јазикмакедонски
Напишана?
Објавена1960
СтудиоAcme recording studios, Toronto
Жанрмакедонска народна музика
Должина3:35 (1960) - 3:18
Композитор(и)непознат, со разни
современи аранжмани

А бре Македонче, ти вардарско пилемакедонска народна песна, напишана од непознат автор веројатно и стотици години пред повоениот период. Преку деминутивот Македонче, авторот метафорично го предупредува македонскиот народ од три заседи (пусии) во именуваните градови Солун, Битола и Прилеп. Предупредувањето можеби и се однесува директно кон ајдудите и комитите, што и дава ајдутски карактер на оваа песна.

Одлики[уреди | уреди извор]

Аранжманот е во 4/4 такт, а за прпат се наоѓа на албумот „Macedonian Stories in Song“ (1960),[1][2] на кој вокали се Васка Илиева, Блага Видец и Благоја Петров - Караѓуле во инструментална поддршка од Ансамблот на Кочо Петровски. Подоцна, Александар Сариевски и Васка Илиева снимиле дует.[3]

Текст[уреди | уреди извор]

А бре Македонче, ти вардарско пиле,
каде ќе одиш по ноќно време,
аман, аман, поноќно време.
Тебе ми те чекат, абре Македонче,
тебе ми те чекат, до три пусии,
аман, аман, аман до три пусии.

Прва пусија, абре Македонче,
прва пусија, града Прилепа
аман, аман, аман града Прилепа.
Втора пусија, абре Македонче
втора пусија, града Битола
аман, аман, аман града Битола.

Трета пусија, абре Македонче,
трета пусија, града Солуна
аман, аман, аман града Солуна.
Абре Македонче, ти вардарско пиле
немој да одиш по ноќно време
аман, аман, аман по ноќно време.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]