Афротерии

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Афротерии
Afrotheria
Период: Палеоцен - денес
1.Orycteropus afer 2.Dugong dugon 3.Rhynchocyon petersi 4.Trichechus manatus 5.Chrysochloridae sp. 6.Procavia capensis 7.Loxodonta africana 8.Tenrec ecaudatus
Научна класификација
Царство: Animalia
Класа: Mammalia
Инфракласа: Eutheria
Надред: Afrotheria
Stanhope et al., 1998
Редови

Видете подолу

Афротериите (односно Afrotheria − "африкански ѕверови") се клад (или надред) на вистински цицачи каде припаѓаат златните кртови, слоновските земјоријачки, тенреките, капскиот цевкозаб, даманите, слоновите и моржевите.

По сè изгледа дека многу афротерии се на работ од исчезнување, така што доколку оваа група се смета за природна, ова би довело до драматичен губиток на генетски и еволуциски диверзитет.

Еволутивни врски[уреди]

Оваа група е предложена само врз основа на молекуларните и ДНК анализи. Од 1990-тите, генетските анализи ја признаваат групата на афротериите како една од четирите главни групи во рамките на Eutheria (која ги содржи плаценталните цицачи). Точната поврзаност меѓу четирите еутериски кладови − афротерии, чуднозглобни (Xenarthra), лауразиотерии (Laurasiatheria) и еуархонтоглирите (Euarchontoglira) − останува недоволно објаснета. Една хипотеза предлага дека најстарото разделување меѓу афротериите и останатите три групи (Exafroplacentalia) се случило пред околу 105 милиони години, кога Африка била веќе одделена од другите поголеми копнени маси. Генетските анализи и фосилните податоци укажуваат на тоа дека групата Xenarthra се развила во Јужна Америка и дивергирала од останатите две нешто подоцна (Бореоеутерии). Лауразиотериите и еуархонтоглирите се поблиски во однос на другите два клада, и можат да се групираат заедно во таксонот Boreoeutheria.

Некои истражувачи сметаат дека овие молекуларни класификации на еутериите се прелиминарни или контроверзни, бидејќи ги растураат некои претходни групирања на цицачите кои се основаат на морфолошки одлики. На пример, редот Insectivora се состоел од многу родови и видови на мали, инсектојадни цицачи, од кои некои според новата систематика излегува дека се подалечни сродници; тие споделуваат слична анатомија и однесување само како резултат на конвергентна еволуција.[1] Како друг пример може да послужат различните морфолошки одлики на групата Xenarthra (каде припаѓаат мравојадите, мрзливците и армадилата), кои ги воделе таксономите да ги групираат сите други еутериски цицачи во таксонот Epitheria, при што Xenarthra се појавувала како најдалечна група. Друга реконструкција ја сместува Xenarthra заедно со Аfrotheria во кладот Atlantogenata, како сестрински клад на Boreoeutheria.

Систематика[уреди]

За афротерии се сметаат неколку рецентни редови на цицачи:

Наводи[уреди]

  1. Видете го документот на the Kriegs et al. (2001), каде се зборува за можните реконструкции на кладовите врз основа на различните форми на генетски и морфолошки докази. Тие веруваат дека отсуството/присуството на ретротранспозони дава помалку грешки отколку другите постоечки модели на таксономска реконструкција.
  2. Seiffert (2007) дава преглед на можните решенија на политомијата на Afrosoricida, Macroscelidea, Tubulidentata и Paenungulata. Денес не постои широко прифатен консензус за овој аспект на афротериската филогенија.