Конвергентна еволуција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Конвергентна еволуција
E obesa symmetrica ies.jpg

Astrophytum asterias1.jpg

Овие два сукулентни
растителни родови, Euphorbia
и Astrophytum, се
далечни роднини, но независно
развиле многу слична
телесна форма.

Конвергентна еволуција (конвергенција или приближувачка еволуција) е онаа еволуција при која несродните видови стануваат сè послични поради приспособувањето кон иста животна средина. Конвергентната еволуција обично претставува развиток на слична анатомска карактеристика кај различни видови линии (на пример, видови од две различни класи) која се јавува по дивергенцијата од заедничкиот предок кој ја немал иницијалната карактеристика која би водела до таа карактеристика. Во овој случај, заедничкиот предок е временски пооддалечен отколку во случајот со паралелизмот.

Пример за конвергентна еволуција е сличниот изглед и предаторскиот однос на северноамериканските волци и тасманиските волци (тигри). Првиот е плацентален цицач, а вториот е торбар. Нивниот заеднички предок живеел во времето на диносаурусите, пред повеќе од 100 милиони години, и бил многу различен од овие негови потомци. Постојат и многу други австралиски торбари кои се исклучителен пример за конвергентна еволуција со плаценталните цицачи насекаде низ светот.

Се смета дека паралелизмот и конвергенцијата се резултат главно на одделните видови линии кои го искусуваат истиот тип на природна селекција низ долги периоди.