Чуднозглобни
Од Википедија
| Чуднозглобни Xenarthra Фосилен опсег: Среден Палеоцен - денес |
||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Научна класификација | ||||||||||
|
||||||||||
| Редови и подредови | ||||||||||
|
Надредот на чуднозглобни цицачи (односно Xenarthra, од грчки − "чудни, нетипични зглобови") е група на вистински цицачи која денес постои само во Америка. Во оваа група припаѓаат армадилата, мравојадите и мрзливците. Името на надредот доаѓа од присуството на ксенартни ковчиња кои образуваат додатен пар на зглобови кај одредени прешлени, наречени спинални коски, кои можат да се најдат само кај видовите од оваа група.
Потеклото на овој надред може да се бара дури во раниот Терциер (пред околу 60 милиони години, нешто по завршувањето на Мезозоик). Присуството на овие животни во Средна и Северна Америка се објаснува со теоријата на Големата американска размена.
Членовите на ова група порано биле соединети под името Edentata, што значи "беззаби", иако само мравојадите се без заби. Армадилата и мрзливците имаат секачи, кои кај некои видови се без енамелската покривка што се среќава на забите од повеќето други цицачи. Во оваа постара класификација биле вклучени и лушпестите мравојади − панголини, капскиот цевкозаб и паткоклуните. Но, споредбено-анатомските истражувања на овие цицачи открија значителни разлики кои ги разликуваат од животнте кои денес се вбројуваат во Xenarthra, вклучувајќи го и отсуството на ксенартни ковчиња.
[уреди] Морфологија
Денешните чуднозглобни цицачи достигнуваат различни големини − од најмалиот Chlamyphorus (вилински армадило), долг околу 12,5 cm па сè до Myrmecophaga (џиновски мравојад) кој е долг околу 120 cm. Меѓутоа, повеќето изумрени видови биле поголеми. На пример, глиптодонтите достигнувале и повеќе од 2 m во должина.
Мрзливците, кои живеат на дрвја, имаат крушковидни тела со големи абдомени, што дозволува развиток на големо слепо црево и долги, тенки екстремитети кои завршуваат со издолжени извиени канџи. Нивните прсти се сраснати со кожа, така што често се мешаат со канџите. Сите три вида на мрзливци имаат три канџи на задните стапала. Нивното надворешно крзно е долго и грубо, а постои и кратко, меко и густо внатрешно крзно. Нивните глави се мали и заоблени. Овие животни имаат необична карактеристика да се истегнуваат во хоризонтален правец додека висат прикачени за дрвото само со задните екстремитети.
Мравојадите се препознаваат по нивните долги конусни нуски, особено долгиот и тенок јазик, како и големите и моќни предни канџи. Последните се користат како за одбрана, така и за раскопување и отворање на мравкините дувла. Крзното е долго и густо, при што го штити животното од инсекти. Сите видови (освен еден) поседуваат рассекувачка опашка за фаќање.
Армадилата се единствените живи цицачи со заштитен коскен штит. За разлика од рептилските штитови, оној на армадилото е испрекинат со неколку завои од кожа, кои помагаат во подвижноста. Површината на кожата е сива или кафеава и доста мека. Тие се дебели, средно големи цицачи кои се движат речиси припиени до почвата. Формата на главата и ушите варира меѓу видовите, додека моќните екстремитети носат зголемени канџи за копање на засолништа (дупки) и собирање на храна.
[уреди] Систематика
- Ред Cingulata
- Фамилија Dasypodidae: армадила
- Розев вилински армадило, Chlamyphorus truncatus
- Пичисиего, Chlamyphorus retusus
- Северен голоопашест армадило, Cabassous centralis
- Чакоански голоопашест армадило, Cabassous chacoensis
- Јужен голоопашест армадило, Cabassous unicinctus
- Голем голоопашест армадило, Cabassous tatouay
- Врескачки влакнест армадило, Chaetophractus vellerosus
- Голем влакнест армадило, Chaetophractus villosus
- Андски влакнест армадило, Chaetophractus nationi
- Деветлиниски армадило или долгонос армадило, Dasypus novemcinctus
- Седумлиниски армадило, Dasypus septemcinctus
- Јужен долгонос армадило, Dasypus hybridus
- Љаноски долгонос армадило, Dasypus sabanicola
- Голем долгонос армадило, Dasypus kappleri
- Влакнест долгонос армадило, Dasypus pilosus
- Шестлиниски армадило или жолт армадило, Euphractus sexcinctus
- Џиновски армадило, Priodontes maximus
- Јужен трилиниски армадило, Tolypeutes matacus
- Бразилски трилиниски армадило, Tolypeutes tricinctus
- Пичи или џуџест армадило, Zaedyus pichiy
- Фамилија †Glyptodontidae: глиптодонти
- Фамилија †Pampatheriidae: пампатери
- Фамилија Dasypodidae: армадила
- Ред Pilosa
- Подред Folivora
- Фамилија Bradypodidae: трипрсни мрзливци
- Пигмејски трипрсен мрзливец, Bradypus pygmaeus
- Кафеногрлен трипрсен мрзливец, Bradypus variegatus
- Бледогрлен трипрсен мрзливец, Bradypus tridactylus
- Гривест трипрсен мрзливец, Bradypus torquatus
- Фамилија Megalonychidae: двопрсни мрзливци и изумрените мегалонихидни приземни мрзливци
- Хофманов двопрсен мрзливец, Choloepus hoffmanni
- Линеов двопрсен мрзливец или јужен двопрсен мрзливец, Choloepus didactylus
- Фамилија †Megatheriidae: мегатеридни приземни мрзливци
- Фамилија †Mylodontidae: милодонтидни приземни мрзливци
- Фамилија †Orophodontidae: орофодонтидни приземни мрзливци
- Фамилија †Scelidotheriidae: сцелидотеридни приземни мрзливци
- Фамилија Bradypodidae: трипрсни мрзливци
- Подред Vermilingua
- Фамилија Cyclopedidae: свиленкасти мравојади
- Свиленкаст мравојад, Cyclopes didactylus
- Фамилија Myrmecophagidae: мравојади
- Џиновски мравојад, Myrmecophaga tridactyla
- Северен тамандуа, Tamandua mexicana
- Јужен тамандуа, Tamandua tetradactyla
- Фамилија Cyclopedidae: свиленкасти мравојади
- Подред Folivora