Асам (чај)
Тип: | црн, зелен, бел |
Други називи: | нема |
Потекло: | Асам, Индија |
Краток опис: | Остар и сладест со светла боја и овошна жичка. |
Асам — црн чај кој го носи името на регионот каде се прозиведува: Асам, Индија. Овој чај расте на морска височина и е познат по својот полн вкус, острина, сладест вкус и силна, светла боја. Асамските чаеви или мешавините со Асам често се продаваат како „појадочни“ („breakfast“) чаеви. Такви примери се „Англиски појадок“, „Ирски појадок“ и „Шкотски појадок“.
Иако „Асам“ како поим начелно се однесува на црните чаеви од Асам, регионот исто така произведува релативно помали количества на зелени и бели чаеви со својствени одлики.
Историски, Асам е вториот најголем производител на чај по Кина. Кина и Асам се единствените две поднебја во светот од каде чајот потекнува. Чајот Асам направил револуција во чајните навики бидејќи произведувањето од разни типови на чајни билки, давало разни типови на чај.
Географија
[уреди | уреди извор]Чајната билка (Camellia sinensis var assamica) се одгледува во асамските низини, за разлика од Дарџилингот и Нилгири-чајот кој се одгледува по планините.
Историја
[уреди | уреди извор]Постои санскритски медицински текст од XX век од Асам наречен Нидана кој споменува листови наречени шамапатра од кои се правел шамапани. Историчарите се несогласни за тоа дали ова е првото споменување на чај во Индија.
Пред да за почне комерцијализацијата на чајот во Асам, мештаните ги џвакале листовите по малку преработка. Оваа навика и денес е пристуна во недостапните региони близу Асам.
Зачетоци
[уреди | уреди извор]Се смета дека билката ја открил Роберт Брус како расте во дивина. Според друга верзија, асамскиот благородник Маниран Деван го одвел Бруса до билката 1823. Пред неговата смрт 1825, Брус оваму го пренел на брат му Чарлс, кој пратил семиња од билката во Калкута во 1831. Во 1833 британците го изгубиле мнополот на трговијата со чај со Кина и Чајниот Одбор го пратил секретарот Џорџ Гордон во Кина да ги проули методите и да започне плантажи во Асам. Тој се вратил со кинеската сорта и работниците. Донесените работници од Бихар и Одиша подоцна сочинуваат значајна демографска група во Асам. Се увидело дека локалната сорта е посоодветна на локланата клима. Со вкрстување на кинеската чајна билка се дошло до индиски хибрид, со голема разновидност и јачина. Ова се смета за најважната еволуција во комерцијалното исползување на чајната билка.
На 8 мај 1838 г. во Лондон биле испратени 350.159 кг чај „Асам“, и се продале во Индија Хаус, Лондон на 10 јануари, 1839. Луѓето биле воодушевени од чајот и така се радила асамската чајна индустрија. Чарлс Брус и други, заедно со Манирам Деван, започнале со расчистување на џунглите и садење на плантажи.
На 26 февруари, 1858 Манирам Деван, едиствениот мештанин во овој бизнис бил обесен под обвинение на заговорништво и учество во Сепојскиот бунт од 1857 против британците на основа на пронајдено писмо.
Современи напредоци во чајната индустрија
[уреди | уреди извор]Денес Асам го произведува повеќе од половина од чајот во Индија. На меѓународниот пазар, чајот „Асам“ се препознава по официјалното лого избрано од Чајниот Одбор на Индија. Најголемиот дел од чајот се продава на наддавање во Гувахати.
Во 1970-тите ситните земјоделци со земја по д 1 хектар започнале да одгледуваат чај. Ова производство се зголемило во 1990-тите и денес претставува 10% од производството на чај во Асам. Одгледувањето на чај е важна индустриска гранка во регионот и 17% од населението е вработено на тој начин.
Во последно време чајната индустрија во Индија се соочува со криза заради намалениот извоз и намалената потрошувачка на домашниот пазар. Меѓутоа се очекува продажбата на асамски чај во САД да се зголеми бидеќи сè повеќе американци пијат чај и бараат добар квалитет.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Аукција на чај: Чаен Одбор на Индија (англиски)
Наводи
[уреди | уреди извор]- Чајот во североисточна Индија Архивирано на 28 декември 2005 г. Министерство за развој (англиски)
- Чаен Одбор на Индија Архивирано на 22 август 2006 г. (бизнис информации) (англиски)