Арнолд Тојнби

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Арнолд Тојнби на насловната страна на Тајмс

Арнолд Тојнби (англиски: Arnold Joseph Toynbee; Лондон, 14 април 1889 — Њујорк, 22 октомври 1975) бил британски историчар, филозоф и социолог. Бил поборник на теоријата за општествени циклуси, тој е автор на монументалното дело Истражување на историјата (10 тома, 1934 — 1961).

Биографија[уреди]

Роден е во истакната британска интелектулана фамилија. Неговиот чичко, Арнолд Тојнби (1852 — 1883) бил истакнат историчар на економија и творец на терминот Индустриска револуција. Арнолд Џозеф Тојнби студирал историја во Винчестер, Хајделберг и во Оксфорд, а потоа работел во Британското министерството за надворешни работи како стручен советник, особено во периодот помеѓу двете светски војни. Во 1919 година, учествувал во мировната конференција во Версај. Бил професор по Византија на универзитетот Лондон. Од 1924 година, Тојнби бил професор по меѓународната историја на Лондонската школа за економија, а во периодот помеѓу 1925 - 1956 година ја извршувал функцијата директор на Кралскиот институт за меѓународни работи.

Службата при Британското министерсво за надворешни работи и големиот број на меѓународни прашања со кои се сретнал: конфликтите на Блискиот Исток, убиствата над Ерменците, германските воени злосторства во Белгија и Франција го потикнале да размислува за глобална светска историја. Арнолд Тојнби бил првиот мислител за процесот на Глобализацијата, отстапувањето на Европа од центарот на историјата и критичарот на евроцентризам. Во 60-тите години на 20 век, Тојнби се посветил на општите прашања на светската политика и иднината на човештвото, како и религиозните и еколошките прашања. Во последните години се занимавал со Будизмот.

Благодарение на скаратената верзија на неговото капитално дело за светската историја, изработена од Д. Ц. Сомервел [1](1946 1957 и 1960 година) неговите идеи бргу станале популарни, особено во Соединетите Американски Држави, така што во 60-тите години станал култен автор. Во 1972 година, заедно со Јан Каплан објавил сопствена илустрирана везрија во еден том. Иако бил критикуван, особено од историчарите, неговите мисли имале големо влијание врз историјата на културата и судбината на човештвото во минатото и иднината.

Извори[уреди]

  1. 'Арнълд'. Вж. Тойнби А., Изследване на историята,т1. и 2, София: З.Стоянов, 2001

Дела[уреди]

  • -Greek Historicak Thought-, 1924.
  • -Greek Civilisation and Character-, 1924.
  • -A Study of History-, 10 тома, 19341954.
  • -Civilisation on Trial-, 1948.
  • -An Historian's Approach to Religion-, 1956.
  • -East to West: a Journey Round the World-, 1958.
  • -Hellenism: the History of a Civilisation-, 1959.

Надворешни врски[уреди]