Арнолд Џексон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Arnold Jackson

Бригадир-генерал Арнолд Наџент Строуд Строуд-Џексон (5 април 1891 - 13 ноември 1972) бил британски атлетичар, офицер и баристер. Џексон победил во трката на 1500m на Летните олимписки игри - 1912 одржани во Стокхолм. Таа трка се смета дека е една од најголемите на сите времиња. Во неа Џексон од кој не се очекувало многу ги победил фаворизираните тројца американски атлетичари со што го освоил златниот медал. САД останале без златото и покрај тоа што имале дури 7 натпреварувачи во финалето.

Арнолдд Џексон учествувал и имал големи заслуги во Првата светска војна, па станал најмладиот британски бригадир-генерал.

Арнолд Џексон бил вториот од осумте наградени со Орден за посебни заслуги.