Армани

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џорџо Армани SPA
Oснована 1975
Седиште Милан, Италија
Опслужувано
подрачје
Секаде во светот
Клучни личности Џорџо Армани
Дејност Мода
Вработени 4,700
Портал www.giorgioarmani.com

Џорџо Армани SPA е интернационална модна италијанска куќа што дизјанира, заработува, дистрибуира и продава висока мода, облека, производи од крзно, обувки,часовници, накит, модни додатоци, наочари,козметика и домашен ентериер. Овој бренд на производи ги опфаќа неколкуте високо специјализирани поткомпании, вклучувајќи ги Giorgio Armani, Armani Collezioni, Emporio Armani, AJ | Armani Jeans, AX | Armani Exchange, Armani Junior, and Armani/Casa. Името Армани стана синоним за висока мода и дизајн низ целиот свети се смета за едно од најпрестижните имиња во модната индустрија. Приходот добиен на крајот од 2005 година изнесуваше 1.69 милијарди долари.

Армани планира соработка со Emaar Propreties ланец луксузни хотели и ресурси во некои поголеми градови вклучувајќи ги Милано,Париз,Њујорк,Лондон,Токио,Шангај и Дубаи. Исто така компанијата работи и со ланец на ексклузивни кафулиња,барови,ресторани и ноќни клубови низ светот.

Производи[уреди]

Бутик на Армани во Чикаго.

Џорџо Армани[уреди]

Џорџо Армани е виско брендирана марка, сецијализирана за машка и женска облека, модни додатоци, наочари,козметика и парфеми. Таа е една од најскапите марки за облека во светот и е достапна само во одредени високо брендирани трговски центри. Логото e закосено G комплетирано заедно со закосена A кои заедно формираат кружно лого.

Армани Колециони[уреди]

Armani Collezioni (поранешно Џорџо Армани le Collezioni) е уште една високо брендиран Армани марка.Оваа линија е многу поскапа од линиите Emporio Armani & Emporio Jeans & Armani exchange, е поевтина од високо брендираната линија за облека Giorgio Armani и линијата на високата мода Armani Privé. Исто така е помалку модерна од другите марки со тенденција за безвременска формална облека и недостаток на модни додатоци, поразлична од другите марки. Логото е мала буква А која што е вметната во голема буква G, правејќи ја А дел од G. Ова лого ретко се гледа на облеката. Тоа предвидува одредена големина костуми и маици, каде секој елемент може да биде избран. Наместо да биде продадено во слободно изложбените салони ( каде преовладува ексклузивната линија на Collezioni) Аrmani Collezioni се продава во високо брендирани трговски центри меѓу кои се: Holt Renfew, Bloomingdale's, David Jones, Harvey Nichols, Harrods, Neiman Marcus, Nordstrom i Saks Fifth Avenue. Минатата година линија од оваа марка се појави под името „Armani Collezioni Acvtive“ на ист начин како штo e EA7 линија од марката Емпорио Армани.

Емпорио Армани[уреди]

Продавница на Емпорио Армани во Токио.


Карактеристична етикета во рамките на облеката и модните додатоци. Емпорио Армани е достапна како 13-та продавница во САД и над 140 низ целиот свет како и на веб страната на брендот. Во јануари 2010 познатата фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдно и холивудската филмска ѕдвезда Меган Фокс станаа заштитни лица на машката и женската колекција на Емпорио Армани.

Армани Џинс[уреди]

Aрмани Џинс е bridge-line дел од denim-related модната колекција креирана во 1981 година од Џорџо Армани. Aрмани Џинс е колекција главно продавана во одделот на шопинг центрите кои исто така имаат 15 слободно изложбени салони во шопинг центрите низ светот како и Armani Jeans Cafe во Милано. Нeкои Armani Jeans парчиња се продаваат во шопинг центрите на Емпорио Армани и Aрмани Џинс центрите на азискиот пазар.

Во рамките на дизајнот, колекцијата за облека од оваа голема линија Џорџо Армани не го става својот потпис бидејќи често има долги логоа од колекцијата за облеки кај некои од неговите други колекции. Боите употребувани за Armani Jeans се многу празлични во неговата поголема линија како што е Armani Exchange во која се застапени монохроматски колоритни шеми и фокусираност кон сечењето и преобојувањето на материјалот.

Армани Ексчејнџ[уреди]

A|X Armani Exchange беше лансирана во 1991 година во САД. Марката е креирана од Џорџо Армани и е позната со провокативните рекламни кампањи кои се познати и меѓу младата холивудската поп култура. Armani Exchange дизајни, избработувања, распостарентост и модни продажби и производи за секојдневни пригоди, вклучувајќи ја облеката, модните додатоци, очилата, часовници, накит и музика. Инспирацијата е добиена од уличната шик култура и модерната денс музика. И покрај цената на најдостапниот Армани бренд, Аrmani Еmporio на општиот пазар е отценет со средна цена над 100 $ USD. Производите Аrmani Еmporio ексклузивно се достапни во 201 продавници ширум светот како и на брендовата веб-страна.

Во 2011 А.Е. ќе продолжи со проширување и отварање на продавници во Lenox Square ( Џорџија), шопинг центарот Lakeside (Њу Орлеанс), Mall of America (Минеаполис), Stamford Town Centar (Стамфорд), South Shore Mall (Брејнтри), International Plaza (Тампа) како и многу други локации.

Армани Џуниор[уреди]

Детската марка Armani Junior е достапна во 15 бутици во светот како и одбраните центри Neiman Marcus и Saks Fifth Avenue.

Армани Каса[уреди]

Armani/Casa (Armani Home на италијански) е висока домашна колекција од Армани производството на мебел, ламби, платна и основни прибори за домаќинство. Armani Casa е достапна во 40 бутици низ светот како и во Naimon Marcus.

Други ризици[уреди]

Армани Приве[уреди]

Високата мода на колекцијата за облека на линијата Armani направи историски настан во високата мода во париското модно шоу. Со дирекно нарачување преку интернет. Марката е строго направена за носење единствено по нарачка.

Армани Козметик[уреди]

Брендот за убавина од козметичките производи на Армани, производите за кожа, парфемии нежни тоалетни води. Тие се произведуваат по теркот на Лореал, со кого Армани потпиша долго годишно патнерство. Armani Cosmetics e достапен во повеќе шопинг центри низ светот, како и во многу бутици. Армани инвестира и во угостителската индустријар. Низ светот Армани има 14 Emporio Armani и Armani Jeans кафулиња. Исто така во Хонг Конг има Армани бар и два нови ресторани, NoBu & Privé кои изгледаат префинето. Армани има и книжрница ( Armani Libri) и цвеќарница ( Armanii Flori), под името на Армани и конфекциската компанија позната како Armani Dolci. Овие помали брендови најчесто се продаваат во поголемите продавнци на Армани како што е МИЛАНО ФЛАГШИП,31 виа Манзони и во Армани/Чатер Хаус на 11 Чатер Роуд во центарот Хонг Конг. Тој креира ги креира и четирите ЦД-а Emporio Armani Caffè заедно со познатиот италијански музички дизајнер Матео Чекарини кои беа успешни.

Армани хотели и резиденции[уреди]

Армани и Емар Пропретис потпишаа договор во 2004 година за Емаar хотели за изградба и работа со најмалку 7 луксузни хотели и 3 викенд-резиденции сите под името на Армани. Армани е одговорен за сите детали за внатрешниот ентериер и за стилот на хотелите. Еден од ваквите хотели се наоѓа во Дубаи.

Основата од триесет и девет катниот облакодер Бурџ Калифа во Дубаи, Обидинетите Арапски Емирати, куќата на првиот Армани хотел во светот е со капацитет од 160 гостински соби и апартмани и 144 резиднции. Џорџо Армани го дизајнира и ентериерот на Резиденцијата на Армани како и облакодерот и неговата специјално дизајнирана линија на производи за мебел од колекцјата Аrmani/Casa Home.

Бурџ Калифа и турнејата на Armani Residences, ги опфати Милано, Лондон, Џеда, Москва и Делхи. Изложбата беше дизајнирана од Браш Брендс, освојувајќи ја наградата за интернационална организација за нивните Симболи и Излози и Point of Purchase (POP) Изведби. Тој настан се случуваше во Armani Casa Showroom. Хотелот Армани во Бурџ Калифа се отвори на 27 април 2007 година.

Спречување на крзното од цицачи

Во јули 2007 година, Џорџо Армани за магазинот Тајм рече дека набљудувањето од Луѓето за Етичкото Третирање на Животните ( РЕТА) го убедиле да не користи атеријали од крзно. Како и да е колекцијата Armani Fall од 2008 година, вклучи палта од крзно за бебиња дизајнирано со цвеќиња, крзнени порабени сукњи и палта со крзнени врвци.