Аполодор Дамаски
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Аполодор Дамаски или Аполодор од Дамаск бил старогрчки инженер, архитект, дизајнер и скулптор од 2 век н.е. Тој бил омилен на Цар Трајан, за кој го изградил Трајановиот мост преку Дунав за 104-тиот поход во Дакија. Тој исто така испланирал гимназиум, колеџ, јавни бањи, Одеумот и Трајановиот форум и Трајановиот столб во градот Рим. Тој ги дизајнирал и триумфалните арки во Беневентум и Анкона. Се смета и за архитект на Пантеонот.
Трајановиот столб, во средиштето на форумот, бил прочуен по тоа што бил првиот триумфален споменик од тој вид. На крунисувањето на Адријан, чии архитектонски и уметнички дела Аполодор ги исмејувал, тој бил истеран од Рим, а накратко потоа, бил обвинет за измислени злодела и убиен (Дион Касиј lxix. 4). Тој напишал и трактат на тема Опсадна машинерија (Πολιορκητικά), посветен на Адријан.
Наводи[уреди]
Оваа статија содржи текст од дело во јавна сопственост: „“. Енциклопедија Британика (XI). (1911). Cambridge University Press.- James Grout: 'Apollodorus of Damascus,' дел од Encyclopædia Romana