Трајанов форум

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Rmn-social-header-1-.svg
Трајанов форум
'
Место IV „Храм на мирот“
Изградено 106 - 112 г.
Градител Цар Трајан
Тип на градба Царски форуми
Поврзани статии Квиринал, Капитол , Трајанов столб, Трајанов пазар
Blue pog.svg
Трајанов форум
Реконструкција на пјацата на Трајановиот форум
Трајановиот форум денес

Трајанов форум (латински: Forum Traiani) е последниот форум од царските форуми во Рим.[1]

Историја[уреди]

Форумот е изграден по наредба на цар Трајан со пари од богатството стекнато во војната со Дакијците, завршена во 106 г.[1] Фастите кажуваат дека камен-темелник е удрен во 112 г., додека пак Трајановиот столб е започнат во 113 г.

За изградба на овој монументален комплекс биле потребни големи ископувања: работниците ги откопувале падините на ридовите Квиринал и Капитол, што ја затворале долината кај царските форуми кон Марсовото Поле.

Постои веројатност дека ископувањата започнале уште во времето на Домицијан, додека самиот прокект на форумот целосно му се препишува на Аполодор Дамаски,[1] кој исто така го придружувал Трајан во дакиските походи.

За време на изградбата течеле и уште неколку проекти: изградбата на Трајановиот пазар[1] и Цезаровиот форум (каде била изградена т.н. Базилика Аргентарија), како и реновирање на храмот на Мајка Венера.

Распоред[уреди]

Форумот е изграден од огромна пјаца опкружена со стои со должина од 200 и ширина од 120 м со екседри од двете страни. Главниот влез е од јужната страна, трумфална арка врз која била сместена статуа на Трајан во шесткоњска двоколка. Базиликата улпија е семстена на северниот крај на пјацата, која била поплочена со квадратни плочи од бел мермер и украсена со голема коњаничка статуа на Цар Трајан. На обете страни од пјацата имало пазари (во облик на безистени), кои исто така биле сместени во екседрите.

Северно од базиликата имало помала пјаца, со храм посветен на воздигнатиот Трајан на крајната северна страна кој гледал навнатре. Веднаш северно од базиликата улпија на обете страни од форумот се наоѓале две библиотеки, една со латински и една со грчки книги и документи. Помеѓу библиотеките се наоѓал 38-метарскиот Трајанов столб.[1]

Во средината на IV век, Константин II, при неговата посета на Рим, бил вчудоневиден од огромната коњаничка статуа на Трајан и околните згради. Оваа царска посета и местата од интерес се опишани од Амијан Марцелин.

Денес останат е само дел од пазарите и Трајановиот столб (во целост).

Поримска историја[уреди]

Во средината на IX век, мермерниот плочник бил систематски откопуван за други употреби заради неговиот висок квалитет. Истовремено плочникот бил заменет со скромна калдрма што укажува на тоа дека местото сѐ уште се користело како јавен плоштад.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Roth, Leland M. (1993). „Understanding Architecture: Its Elements, History and Meaning“ (First издание). Boulder, CO: Westview Press. ISBN 0-06-430158-3. 

Надворешни врски[уреди]