Анапурна

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Анапурна
Annapurna I ABC Morning.jpg
Поглед кон Анапурна
Надм. вис. 8091 м 
10-то место
Истакнатост 2984 м[1][2]
94-то место
Матичен врв Чо Оју
Заведена како Осумилјадник
Ултра
Местоположба
Венец Хималаи
Координати 28°35′46″ СГШ 83°49′13″ ИГД / 
Искачување
Прво освојување 3 јуни 1950
Маурис Херцог и Луис Лашенал
Најлесна патека снег/качување по мраз

Анапурна (санскрит, Непалски: अन्नपूर्णा) — низа од планински врвови во Непал на венецот Хималаи, од кои највисокиот, Анапурна I, претставува еден од четиринаесетте планински врвови повисоки од 8000 метри, и со висина од 8091 метар е десеттата највисока планина на светот. Лоцирана е источно од големиот кањон на реката Кали Гандаки, кој го дели од масивот Даулагири.

अन्नपूर्णा Annapūrṇā е санскритски поим со значење „исполнета со храна“, но почесто се преведува како „Божицата на жетвата“.[3] Во Хиндуизмот, Анапурна е божица на плодноста и земјоделството.

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „Annapurna“. Peakbagger.com. http://www.peakbagger.com/peak.aspx?pid=10621. конс. 12 јануари 2009.  (англиски)
  2. „Nepal/Sikkim/Bhutan Ultra-Prominences“. peaklist.org. архивирано од оригиналот на 25 декември 2008. http://web.archive.org/web/20081225145550/http://www.peaklist.org/WWlists/ultras/everest.html. конс. 12 јануари 2009. 
  3. Annapurna — 10th Highest Mountain in the World