Лоце

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лоце
LhotseMountain.jos.500pix.jpg
Јужната страна на Лоце
Надм. вис. 8.516 м [1]
4-та
Истакнатост 610 м[2]
Заведена како осумилјадник
Местоположба
Лоце се наоѓа во Непал
Лоце
Непал
Кина (Тибет)
Венец Махалангур Химал
Координати 27°57′42″ СГШ 86°56′00″ ИГД /  [2]
Искачување
Прво освојување 18 мај 1956
Фриц Лухсингер
Ернст Рајс
Најлесна патека искачување во глечери/снег/мраз

Lhotse (непалски: ल्होत्से; кинески: 洛子峰, пинјин: Luòzǐ Fēng; тибетски: ལྷོ་རྩེ, Вајли: lho rtse) — четврта планина по височина на Земјата (по Монт Еверест, К2 и Кангченѕунга), поврзана со Монт Еверест со Јужното Седло. Покрај главниот врв со надморска височина од 8.516 м, други повисоки врвови на планината се Лоце Средна (источна) и 8.414 м Лоце Шар се 8.383 м. Сместена е на границата помеѓу Тибет (Кина) и регионот Кумбу во Непал.

Забележителни особености[уреди]

Лоце е најпозата како соседна планина на Монт Еверест и по тоа што сите што се искачуваат по стандардниот пат проведуваат извесно време на северозападната страна на планината. Оваа планина впрочем се одликува со најмала топографска истакнатост од сите осумилјадници, издигајќи се само 610 м над Јужното Седло.

Но и покрај ова, Лоце самиот по себе е велелепен врв поради огромниот пад на неговата јужната страна. На оваа страна, планината се издига цели 3,2 км на хоризонтално растојание од само 2,25 км, и со тоа страната е најстрмна во светот. Направени се многу обиди за нејзино искачување, со многу малку успех и голем број загубени животи.


Поглед на Монт Еверест (лево) и Лоце (десно) озрачени од сонцето

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. A height of 8.501 м is sometimes given but official Nepalese and Chinese mapping agree on 8.516 м.
  2. 2,0 2,1 „Општи информации“. 8000ers.com. http://www.8000ers.com/cms/iindex.php?option=com_content&view=article&id=74. конс. 20 декемри 2009.  (англиски)

Надворешни врски[уреди]