Чо Оју

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Чо Оју
Cho Oyu
ChoOyu-fromGokyo.jpg
Чо Оју
Надм. вис. 8201 м 
6-то место
Истакнатост 2340 м
Заведена како Осумилјадник
Превод „Тиркизно божество“ (Тибетски)
Местоположба
Место Непал / Кина (Тибет)
Венец Махалангур Химал, Хималаи
Искачување
Најлесна патека снег/мраз/качување по глечер

Cho Oyu (Nepali: चोयु; тибетски: ཇོ་བོ་དབུ་ཡВајли: jo bo dbu yag, пинјин: Qowowuyag: (кинески)) — шеста највисока планина во светот со 8,201 метар надморска височина. Името Чо Оју означува „Тиркизно Божество“ на тибетски јазик. Планината се наоѓа помеѓу Тибет (Кина) и Непал. Се наоѓа на 20 километри западно од Монт Еверест.

Неколку километри западно од самата планина, се наоѓа Нангпа Ла (5.716 м), леден планински премин кој се користи како главен трговски пат помеѓу Тибетанците и Шерпите од Кумбуа. Поради близината на преминот и генерално благите падини на стандардниот пат на северозападниот дел, се смета дека е најлесната планина за алпинистички искачувања во групата на планини повисоки од 8,000 метри,[1] па затоа е популарна дестинација за професионалните алпинистички групи.

Наводи[уреди]

  1. Cho Oyu on Peakware

Надворешни врски[уреди]