Алхемичарот (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Алхемичарот
Македонско издание од издавачката куќа „Три“
АвторПауло Коелјо
Изворен насловO Alquimista
ИлустраторПауло Коелјо
ЗемјаБразил Бразил
Јазикпортугалски
Жанрпотрага, авантура, фантазија
ИздавачHarperTorch (англиски превод). Првично роман напишан на португалски
Издадена
1988
Published in English
1993
Медиумпечат (тврд, мек повез и iTunes), аудиокнига (звучно)
Страници163 стр. (прво англиско издание, тврд повез), 208 стр. (издание на 25-годишнината)
ISBN0-06-250217-4 (прво англиско издание)
OCLC26857452
869,3

Алхемичарот (португалски: O Alquimista) — најпознатиот роман на Пауло Коелјо. Објавен е во Бразил во 1988 г.[1] Романот е извонредна приказна за тоа како некој треба да ги следи своите соништа. До 2004 г., романот бил преведен на над 40 јазици и бил продаден во повеќе од 50 милиони примероци во над 150 земји.[2]

Содржина[уреди | уреди извор]

Романот ја раскажува приказната за Сантјаго, млад овчар од Андалусија што има постојан сон што го носи во Северна Африка во потрага по неверојатно богатство. Во романот се споменува „Душата на светот“ и дека самата Земја сака од нас да бидеме среќни.

„Алхемичарот“ зборува за тоа како секој од нас има мисија и цел во животот, но многумина тоа не го сфаќаат. Но најважното нешто што книгата го кажува е дека треба да правиме добри дела насочени кон другите, бидејќи ние самите не знаеме какво ќе биде нашето богатство и како ќе го добиеме. Само ако го следиме своето срце, можеме да го достигнеме богатството и да го примиме.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Paulo Coelho in WorldCat database“. WorldCat. Посетено на 20 December 2016.
  2. „The Alchemist > Editions“. Goodreads.com. Посетено на 20 December 2016.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]