Адем баба-теќе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Адем баба-теќе
Културно добро на Македонија
Адресабул. „Гоце Делчев“ бр. 9
МесностЏами Атик (поранешно маало)
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ (денес)
ОпштинаЦентар
Број[1]
Запис на НИСКН
Адем баба-теќе
Карта
Општи податоци
ГрадСкопје
ЗемјаМакедонија
Завршена17 век
Урната1971
НарачателАдем-баба

Адем баба-теќе ― поранешно теќе во Скопје. Градбата е заведена како културно наследство на Македонија.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Се претпоставува дека теќето настанало во XVII век. Се наоѓало во поранешното маало Џами Атик. Припаѓало на дервишкиот ред Халвети (Шабание) Карабаши. Основачот на ова теќе, Адем-баба е роден во Багдад. Кога дошол во Скопје, живеел седум години во близина на Камениот Мост. Подоцна го купил тоа место и го изградил теќето. Бил учен човек, држел вазови во Иса-беговата џамија. Имал хипнотизирачка моќ. Подоцна купил уште еден плац и изградил два дуќана и фурна наменета за теќето. Од оваа фурна Адем-баба ги хранел сиромасите. Фурнаџијата Санџактар Мехмед-ефендија бил и дервиш во теќето. Пред еден Курбан бајрам, Санџактар Мехмед побарал Адем-баба да купи курбан и да го заколе за Бајрам. Тогаш Адем-баба погледнал кон планината и рекол дека курбанот ќе му дојде. До вечер курбанот не дошол, но утредента откако го завршиле „Бајрам намаз“ дошол елен во теќето, шејхот Адем-баба го фатил за роговите со еден синџир, го внел во теќето и го жртвувал како курбан. Тоа се толкувало како посебна милост од Бога кон Адем-баба. Синџирот и еленските рогови се чувале во теќето.[2]

Во време на последниот шејх Мехмед Ферид, теќето од карабашиско станало џерахиско, од истиот халветски ред. Главното седиште на овој ред бил во Константинопол. Уште Адем-баба во дворот на теќето подигнал чешма што ја ѕидал мајстор од Дебар. На влезната врата се наоѓал синџир според што и теќето го добило името „зинџирли“. Теќето било урнато 1971 година, при расчистување на просторот за изградба на Универзитетот.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Национален регистар на објекти кои се заштитно културно наследство“. Министерство за култура. 2012. Архивирано од изворникот 2021-08-09. Посетено на 20 септември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Адем-баба (зинџирли) теќе“. ceipa.pmf.ukim.mk. Архивирано од изворникот 2022-02-15. Посетено на 20 септември 2022.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]