Авионска несреќа кај Смоленск во 2010

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Авионската несреќа кај Смоленск

Туполев Ту-154М на Сиднејскиот аеродром in 2007
Accident summary
дата 10 април 2010[1]
вид Под истрага[1]
мапа

15 км (9.3 mi)

Смоленска база[2]
54°49′31.19″ СГШ 32°03′10.28″ ИГД / 
патници 89
екипаж 7
96 (сите)[3][4]
Туполев Ту-154М
оператор 36 SPLT, Полски Авиотранспорт
Tail number 101
Потекло Аеродром Фредерик Шопен,
Варшава, Полска
дестинација Смоленска аеробаза
Смоленск, Русија
Авионот Ту-154 на полската влада

Авионската несреќа кај Смоленск се случила на 10 април 2010 во 8:51 по локално време до локалниот аеродром во близина на градот Смоленск (Смоленска област, западна Русија). Авионот бил од типот Ту-154 и бил користен од полската влада.

Во авионот во моментот на несреќата се наоѓале 96 патници, меѓу кои и полскиот претседател Лех Качињски заедно со неговата сопруга и други видни полски државници и политичари, партиски и воени раководители.

Несреќата[уреди]

2010 Polish Air Force Tu-154 crash map-en.svg

Претседателот Лех Качињски требало да го посети Смоленск по повод 70 години од Катинскиот масакар, односно од убиството на 22.000 полски офицери и интелектуалци во 1940 година од советските агенти во Катинската шума, во близина на Смоленск.[5] Летот започнал од престолнината Варшава, од аеродромот Фредерик Шопен.[6] Според последните податоци на полските власти, во авионот се наоѓале најмалку 88 патници.[5], а според Гувернерот на руската Смоленска област Сергеј Антуфиев, 132 патници.[7] Според неофицијални податоци засега, сите патници загинале во несреќата.[8][9]Несреќата се случила во услови на магла (500 метри видливост без Instrument Landing System) .

Во составот на полската делегација имало повеќе високи функционери - началникот на претседателскиот кабинет Владислав Сташак, началникот на генерал-штабот на полските вооружени сили Фратишек Гонгор, поранешниот министер за одбрана Јежи Шмајџински и гувернерот на Централната банка Славомир Шкрзипек. Пилотот три пати неуспешно се обидел да слета, а четвртиот обид бил кобен. Авионот Ту-154, кој бил управуван од екипаж на претседателскиот авионски тим, се урнал при слетувањето на аеродромот во Смоленск, на околу 400 километри западно од Москва. Несреќата се случила поради условите на густа магла. Се претпоставува дека авионот удрил во дрво на околу 300 до 400 метри од пистата на воениот аеродром, по што избувнал пожар.

Истрага[уреди]

Повеќето експерти веруваат дека причина за падот на авионот е преголемата самоувереност на пилотите, кои по секоја цена сакале да слетаат во Смоленск и да му ја исполнат желбата на својот претседател Качински да се поклони пред масакрираните сограѓани во шумата Катин. [10]Сепак дел од експертите не согласувале со ваквата верзија, тврдејќи дека пилотите владиниот авиони биле професионалци од највисока класа. Поранешниот полски претседател Лех Валенса јавно се посомневал дека пилотите можеби работеле по нечии инструкции.

Црните кутии биле пронајдени следниот ден по несреќата и испратени на анализа. Според првичните неофицијални резултати, пилотот на авионот на Качински игнорирал три предупредувања од Контролата на летот авионот да не слетува во Смоленск, туку да тргне кон Москва или кон Минск. Пилотот, сепак, решил да слетува потпирајќи се на визуелниот контакт со пистата и летал прениско, поради што авионот со трупот закачил дрвја и силно удрил на земја, само 1,5 километар од пистата.[11]

Последици[уреди]

Во рок од неколку часа по паѓањето на авионот, Претседателот на Русија Дмитриј Медведев, најавил дека ќе биде основана специјалната комисија за истрага на авионска несреќа. Комисијата ќе биде надгледувана од страна на премиерот на Русија, Владимир Путин. [12][13][14]

Според Уставот на Полска, Функцијата претседател ја презема претседателот на Долниот дом на Парламентот, Бронислав Коморовски, кој во рок од 14 дена треба да објави кога ќе се избира нов шеф на државта.[15]


Список на дел од патниците[уреди]

Лех Качињски
Марија Качинска

According to the flight manifest on-board were:[16][17]

Реакции[уреди]

Меѓународни изјави[уреди]

Државници од многу земји и челниците на многу организации изразија сочуство до полскиот народ поради несреќата.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Названа предварительная версия крушения самолета президента Польши“, „Lenta.ru“, Rambler Media Group, 10 април 2010 (конс. 10 април 2010). (на Russian)
  2. Президент Польши погиб в катастрофе Ту-154 – всего 97 жертв“, „Newsru.com“, 10 април 2010 (конс. 10 април 2010). (на Russian)
  3. (полски) Lista pasażerów i załogi samolotu TU-154, MSWiA Poland
  4. The list of perished during the Tu-154 plane crash in Smolensk Region, EMERCOM Russia
  5. 5,0 5,1 „Polish President Lech Kaczynski 'in plane crash'“. BBC News Online. http://news.bbc.co.uk/1/hi/world/8612825.stm. конс. 10 април 2010. 
  6. „Accident description“. Aviation Safety Network. http://aviation-safety.net/database/record.php?id=20100410-0. конс. 10 април 2010. 
  7. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/svet/kachinski-negovata-sopruga-i-visoki-polski-funkcioneri-zaginaa-vo-avionskata-nesreka-ka
  8. „Polish president feared dead in plane crash“. MSNBC.com. http://www.msnbc.msn.com/id/36352097/ns/world_news-europe/. конс. 10 април 2010. 
  9. Bloomberg Polish President, Bank Chief in Plane Crash, Reports
  10. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=121936 Извештај од А1 Телевизија: Детали за досегашната истрага
  11. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=7A83BE4F3AB9614CA7F255983EBE742B Извештај од Дневник
  12. „Президент России“. Kremlin.ru. http://kremlin.ru/news/7413. конс. 10 април 2010. 
  13. „Президент России“. Kremlin.ru. http://kremlin.ru/acts/7414. конс. 10 април 2010. 
  14. „Йюрюярпнтш: Пюяякеднбюмхе Наярнърекэярб Цхаекх Опегхдемрю Онкэьх Онпсвхкх Осрхмс“. Lenta.ru. http://lenta.ru/news/2010/04/10/comission/. конс. 10 април 2010. 
  15. „The Constitution of the Republic of Poland“. http://www.sejm.gov.pl/prawo/konst/angielski/kon1.htm. конс. 10 април 2010. , Article 131
  16. „Prezydenckim Tu-154 leciały najważniejsze osoby w państwie“ (на Polish). http://wiadomosci.gazeta.pl/Wiadomosci/1,80269,7752563,Prezydenckim_Tu_154_lecialy_najwazniejsze_osoby_w.html. конс. 10 април 2010. 
  17. „Polish president's plane crashes in Russia: ministry“. Google. http://www.google.com/hostednews/afp/article/ALeqM5hKIo35KuaQYuIFCc2fdArySMvvng. конс. 10 април 2010. 
  18. На самолете, упавшем под Смоленском, находился президент Польши - МИД
  19. http://wyborcza.pl/1,75248,7752578,Pelna_lista_pasazerow_prezydenckiego_samolotu.html
  20. Названа предварительная версия крушения самолета президента Польши
  21. Самолет президента Польши разбился в России
  22. Президент НОК Польши погиб в авиакатастрофе под Смоленском