Авантурите на Артур Гордон Пим

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Авантурите на Артур Гордон Пим“  
1img24.jpg
корица на книгата
Автор Едгар Алан По
Наслов на
оригиналот
The Narrative of Arthur Gordon Pym of Nantucket
Земја САД
Јазик англиски
Издавач браќата Харпер
Издадена јули, 1838 г.

Авантурите на Артур Гордон Пим е единствениот завршен роман на американскиот писател Едгар Алан По.

Содржина[уреди]

Во делото се раскажува приказната за младиот авантурист Артур Пим, кој своеволно се качува на бродот Грампус и отпловува со непознат екипаж. Ненадејно, се случува бунт во екипажот, па затоа Пим бил принуден првите четири дена да ги помине засолнувајќи се во подрумските делови на бродот. Неговиот пријател Август е единствениот негов познаник од екипажот, додека таткото на Август бил соборениот капетан. Под неверојатен сплет на околности, на крајот само Гордон Пим и еден од морнарите, Дирк Питерс, останале живи. Кога се чинело дека и тие ќе умреле од глад, случајно поминала една истражувачка експедиција, која се покажала спасоносна за нив. Артур Пим и Питерс се приклучиле на експедицијата која се обидувала да стигне до најодалечената точка на Јужниот Пол. Фабулата нејасно завршува додека целата екипа трагала по зацртаната цел.[1]

Интерпретација на делото[уреди]

Ова е едно од потешките литаретурни дела за класификација. Водејќи се според почетокот, би можело да се претпостави дека станува збор за авантуристички роман. Едгар Алан По бил импресиониран од животот минат пловејќи по морските широчини, па така се решил да пишува книга базирана на таа тема. Некои аналитичари на делото на По забележуваат дека романот содржи автобиографски елементи, па дури и некои карактеристики својствени за симболизмот. Ова остварување на По било инспирација за Херман Мелвил и Жил Верн да ги создадат нивните препознатливи авантуристички новели.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Поврзано[уреди]