Џон Реј
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (август 2010) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
-
- За други луѓе со истото име, видете Џон Реј.
Џон Реј (англ. John Ray, до 1670 го испишувал своето име како John Wray; 29 ноември 1627 во Есекс — 17 јануари 1705 истотака) бил англиски природонаучник. Бил член на Лондонското кралско здружение.
Објавил неколку важни работи за растенијата и животните, како и класичната работа во традицијата на природната теологија — ,,Мудроста Божја, манифестирана со создавањето‘‘ (,,Wisdom of God, Manifested in the Work of Creation‘‘, 1691).
Во книгата ,,Methodus plantarum novae‘‘ (1682) прв ја вовел поделбата на растенијата на дикотиледони и монокотиледони и ја дал првата биолошка концепција за видот.
Полемизирал по прашањата за класификација на растенијата со Жозеф Питон де Турнфор и Август Ривинус.
Го проучувал влијанието на светлината врз бојата на растенијата.
Познат е и како собирач на англиски поговорки и легенди.
[уреди] Биографии
- Charles E. Raven. John Ray: Naturalist: His Life and Works, 1950
