Јужноцентрален африкански црн носорог

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јужноцентрален африкански црн носорог
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Perissodactyla
Фамилија: Rhinocerotidae
Род: Diceros
Вид: D. bicornis
Подвид: D. b. minor
Триномен назив
Diceros bicornis minor
Drummond, 1876

Јужноцентралниот африкански црн носорог (Diceros bicornis minor) познат и само како Јужноцентрален црн носорог е подвид на Црниот носорог. Иако е најброен од сите подвидови на овој носорог, сепак се наоѓа на листата на критично загрозени видови според „Меѓународниот сојуза за заштита на природата“ (МСЗП). Како и останатите повидови и овој носорог има испакната горна усна и живее во саваните.

Распространетост[уреди]

Во минатото бил распространет од западна и јужна Танзанија, преку Замбија, Зимбабве и Мозамбик, до северните и источните делови на Јужноафриканска република. Најверојатно бил присутен и во јужните делови на Конго, северна Ангола и источна Боцвана. Денес, најбројната популација се наоѓа во Јужна Африка, а помала популација има и во Зимбабве. Многу мали популации се среќаваат и во Свазиленд и јужна Танзанија. Јужноцентралниот африкански црн носорог денес се смета за изумрен во Боцвана, Замбија, Ангола и најверојатно во Мозамбик[1].

Популации[уреди]

Вкупната популација на јужноцентралниот црн носорог во 1980тите била 9090 единки . Прекумерниот лов поради неговиот рог, ја намалил оваа бројка на 1300 во 1995 година. Во 2001 година, популацијата е проценета на 1651 единка. Во последните 50 години, бројот на овие носорозои е намален за 90%. Најголема закана претставува нелегалниот лов кој за среќа се намалува во последните години.

Наводи[уреди]

  1. „South-central Black Rhinoceros“. „IUCN Red List“. IUCN Red List. 2003. http://www.iucnredlist.org/search/details.php/39321/dist. конс. 12 ноември 2006. 


Надворешни врски[уреди]