Јохан Готфрид Пифке

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јохан Готфрид Пифке
Реклама од 1844 за музички настан во организација на Пифке

Јохан Готфрид Пифке (герм. Johann Gottfried Piefke, 9 септември 1817 – 25 јануари 1884) бил германски диригент, капелмајстор и композитор на воени маршеви, значаен претставник на пруската, а со тоа и германската воена музика.

Роден е во Шверин на Варта во Велекнежевство Позен (денешна Сквјежина, Полска). Во 1850-тите служел како диригент во VIII Пешадиски полк во Берлин, каде воедно и компонирал воена музика. Меѓу неговите познати маршеви се вбројуваат „Пруска слава“ (Preußens Gloria), „Марш на дибелските ровови“ (Düppeler Schanzen-Marsch) и „Кенигрецки марш“ (Königgrätzer Marsch, искомпониран по битка кај Садова (Кениграц) во 1866, решавачкиот судир во Австро-пруската војна).

Пифке направил и аранжман на симфониската поема „Тасо“ од Франц Лист за воен оркестар, како и аранжмани на други Листови маршеви.

Починал во Франкфурт на Одра. Во септември 2009 во чест на Пифке е поставена „звучна скуплтура“ од кортенски челик во местото Генсендорф, кајшто композиторот во 1866 раководел со воен оркестар заедно со брат му Рудолф[1][2]

Одликувања[уреди]

Пифке е одликуван со следниве медали:

  • „Дибелски ударнички медал“, 1864
  • „Златен медал на австроунгарскиот цар“, 1865
  • „Кралски орден на династијата Хоенцолерн“, 1869
  • Железен крст“ II класа, 1870
  • „Орден на Пруската круна“, 1880

Занимливости[уреди]

  • Кениграцкиот марш бил еден од омилените маршеви на Адолф Хитлер и затоа често се свирел на јавните собири и дефилеа кајшто присуствувал.

Наводи[уреди]